Во организација на Гевгелиското архиерејско намесништво, денеска се одржа Бадниковата поворка во која околу 150 деца, придружувани од многу граѓани на Гевгелија, носејќи ја стилизираната пештера во која се родил синот божји, со песна го најавија Христовото раѓање.
Веселата поворка тргна од црковниот храм „Свети Кирил и Методиј“ и помина по улиците низ централното градско подрачје на Гевгелија со пеење на песната „Вечниот Бог“ со која децата бадникари го слават рождеството Христово.
Градската обиколка Бадниковата поворка ја заврши на метото од каде што и тргна, во црковниот храм „Свети Кирил и Методиј“ каде што децата учесници беа дарувани со новогодишни подароци и сликовници од настанот на кој му претходеше света божествена литургија за здравје на луѓето, нивно спасение и напредок.
