Почетна Вера МПЦ-ОА Детска Бадникарска поворка во Струмица
Детска Бадникарска поворка во Струмица

Детска Бадникарска поворка во Струмица

142
0

Како дел од од прославата на Бадник и Божиќ и во Струмица се одржа детска бадникарска поворка. Таа тргна од црквата „Свети Григориј Палама и Свети Димитриј“, помина преку Градскиот плоштад и Старата чаршија и заврши во храмот „Свети петнаесет Тивериополски свештеномаченици“. Во текот на литијата децата ја пееја песната „Вечниот бог“.

-Убаво е што децата доаѓаат во црква и ги пеат старите бадникарски песни. Во денешната литија учествуваат над сто деца и со нивното пеење го најавуваат Христовото раѓање, рече отец Григориј од Струмичката Епархија.

Епископот Стобиски господин Јаков ја пречека поворката во храмот „Свети петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ и им даде благослов на децата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *