Јанја Чорак е 88 годишна бабичка. Таа е една од последните останати жители во малото пусто село Котези на истокот на Херцеговина. Секојдневно ги чува и ги надгледува црквата и џамијата во ова село.

Иако Котези е едно од селата во источна Херцеговина кое е на граница на изумирање, Јанја Чорак, која живее во куќичка на врвот на селото, секое утро од својот дом ја погледнува панорамата од целото место, за да се увери дека сè е како што треба.
Првото што нејзиното око секое утро го гледа е џамијата Мујо Котелзија, која важи за една од најстарите џамии во БиХ, и која е прогласена за национален споменик во Босна и Херцеговина.
Јанја ги следи сите активности околу обновата на џамијата, за која се верува дека наскоро ќе се обнови, но и ќе донесе живот во селото.

„Според усното предание, оваа џамија ја кренал Мујо Котезлија, кој, откако османлиските власти ја освоиле Херцеговина, во име на султанот ја изградил џамијата. Присуството на средновековните некрополи говори за староста на оваа населба”, стои меѓу другото во записот на плочата пред оваа џамија.

