Автокефалистите повторно се поразени…

Date:

Share post:

На девети мај оваа 2024 година поминаа две години откако МПЦ-ОА стана канонска црква и по 55 години Вселенскиот Патријарх Вартоломеј ја тргна шизмата, што политичи и национал-шовинистички СПЦ ја наметна во 1967 година. Денес владиците на МПЦ-ОА, благодарение на историската одлука на Фанар можат да сослужуваат со сите канонски автокефални цркви во светот, јавно без притоа да се кријат. Добар дел од владиците на МПЦ-ОА таквиот бенефит ревносно го користат, но и добар дел од сестринските помесни цркви изминативе две години продефилираа низ македонските цркви и манастири.

Канонското единство, односно одлуката на Вселенската патријаршиија да ја врати МПЦ-ОА, како Охридска Архиепископија, во единството со останатите помесни цркви беше триумф над шовинистичката политика на Црковен Белград. Она што на сите им беше јасно, но никој не се осмелуваше да го верификува, го направи Вартоломеј. Патријархот на Константинопол, кој и покрај сериозните притисоци од надвор, а особено од внатре во самата Вселенска Патријаршија, реши да му соопшти на православниот свет дека српската шизма е политички, националистички и империјалистички мотивиран потег, а не канонски пропуст. Токму тоа се обидуваше МПЦ-ОА пет децении да докаже, но никој не сакаше јавно да се соочи со реалноста, иако тајно голем дел од православните цркви го знаеја мотивот на проблемот.

Но, Вартоломеј не калкулираше со својот рејтинг, не балансираше со своите неистомисленици… Вартоломеј ја реализираше својата мисија на која одлучи одамна да и служи, односно да ги реши нерешливите црковни проблеми во канонските јуриздикциии на црквите што ја добија токму од Вселенската патријаршија во годините пред тоа.

СПЦ, црква од која се одвои МПЦ-ОА уште пред повеќе од 77 години, беше сосема свесна дека процесот на историскиот расплет на црковното прашање неминовно води кон нејзино автокефално решение, одлучи да не се противи на тој процес, туку да успее да го придобие кон својот црковен интерес. Така се случи чинот на издавање Томос за афтокефалност, нешто што досега во историјата на Православната црква е непознат потег. Иако многумина тој чин од пред две години го толкуваа како дел од процесот за конечно решение на македонскиот црковен спор, кој требаше да финишира со канонски исправниот потег за издавање Томос за автокефалност од Вселенската патријаршија, сепак развојот на настаните ги искомплицираа работите.

Денес, две години подоцна, МПЦ-ОА, односно нејзиниот Поглавар, Синодот, Владиците воопшто не се сетија да искажат барем јавна благодарност што, истите тие владици, денес можат слободно да се рашетаваат низ помесните цркви, токму благодарение на одлуката од 2022 година од Вселенската Патријаршија. Иако МПЦ-ОА би требало тој деветти мај да го слави како ден на нов почеток, како ден на нејзин триумф на вистината, таа денес бега од тој настан како Ѓавол од Крст. Но, затоа МПЦ-ОА ги слави велелепно придобивките од тој чин, кои иако се лажни, за нејзините владици се чин рамен на Воскресението Христово.

МПЦ-ОА, односно нејзиниот висок клир во овие две години покажа дека воопшто не е достоен да биде клир на автокефална црква. Дипломатски е тотално неспособен да се избори за својот црковен и национален интерес, црковно е збунет затоа што НЕ ја разбира тежината на крстот што го носи една автокефална црква. Високиот клир на МПЦ- ОА воопшто не е инспириран од историската победа на својата вистина, туку е лежерно зациментран во протоколарните форми на една државно-патриска црква, статус во кој функционираше до сега.

Треагедијата и не би била толку страшна ако во Синодот на МПЦ-ОА седат старци по 80 или 90 години, гаени и одраснати во духот на една само институционална форма на црква. Трагедијата е дотолку пострашна што конформизмот на државно-партиска црква го наследија и уште поревносно го практикуваат владиците од генерации веќе родени во независна Македонија.

Високиот клир на МПЦ-ОА се поочигледно е дека не сака да биде клир на автокефална, рамноправна црква, туку клир за патриско-политички сеанси, клир чиј вревен дострел е да биде поканет на формални државнички седенки, каде гравитираат видни фаци на општествено-политичкиот живот. Токму затоа две години подоцна МПЦ-ОА, иако се уште е канонска црква, таа не е и автокефална помесна црква. Не е тоа, токму поради тој клиентилистички висок Клир, кој смета дека убавиот збор од Белград е завршена работа.

Јавноста треба да биде свесна, да знае, и да разбере дека прашањето за македонската автокефалност, со ваков висок клир, веројатно на подолг рок е затворено прашање. Денес, две години подоцна е сосема јасно дека деструктивните сили во МПЦ-ОА се побединци и тоа благодарение на Поглаварот, човек кој никогаш за ништо немал став, ниту пак е реално Архиепископ на црквата. Да тој што денеска седи на тронот на Охридските Архиепископи, не е ништо повеќе од обична слуга на политичко-популистичките владици во МПЦ-ОА. Тие го командуваат, тие ќе му ја скројат судбината.

Сосема случајно истражувајќи го црковниот период од 1945 до 1967 година, пронајдов интересни записи, кои веројатно историјата успева да ги држи во тајност. Но, во кратки црти-тоа што денеска се случува, е речиси идентично со она што се случувало во 1958, кога МПЦ-ОА, под притисок на политиката на Југославија ја прифаќа автономијата како божемно преодно решение со СПЦ.

Авткефалистите, кои тогаш се противат се заќутени по истиот метод, како што сега се заќутуваат оние кои отворено предупредуваат дека Томосот на СПЦ е измама, која веројатно после години скапо ќе ја чини МПЦ-ОА. Но, тоа не значи дека треба да не се биде реален и да се признае дека победија оние кои се подготвени од МПЦ-ОА да направат руско-српско маде.

Навистина медиумите потрошивме 20 години да докажуваме колку Јован бил српски служител, негледајќи го фактот дека вистинските србенди ни седат во Синодот на МПЦ-ОА. Проблемот бил во тоа што ним не им се дало шанса да го докажат тоа… Еве сега се е јасно…

 

 

4 COMMENTS

  1. Dzabe potrosena hartija, mastilo I vreme …
    Vsusnost Dobro I direktno obrakanje do dedo Timotej, toj treba da si sredi nekoi raboti vo svojata eparhija, vo nekoi negovi manastiri, so negoviot vikar …
    Direktno obrakanje, samo od okolu …

  2. Еден од низата пропагандистички текстови кои (што неуко-што наменски) ги пренебрегнува причините за ситуацијата што ја опишува како неповолна, небулозна, контрадикторна итн. Имено, од една страна голема лага е дека архиереите на Македонската Православна Црква не изразиле повеќепати благодарност за гестот на Цариградскиот Патријарх во насока на признавање на автокефалноста на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, гест и покана кои првенствено конкретно го овозможија влезот на нашата Света Црква во евхаристиско единство со останатите сестрински Помесни Православни Цркви. Но, фактот на неприфатливоста на извесни услови подоцна откриени како придружна комплексност со тешки рецидиви од неблагопријатното минато во пакет со тој повик, за членовите на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА во преговарачкиот процес до конечното стекнување Томос за автокефалност, не може да се пренебрегне и да се опишува како небрежност и заблуденост на македонските архиереи. Авторот на оваа анализа веројатно знае дека процесот на признавање на автокефалноста на ниедна Помесна Православна Црква во текот на овие двеилјади давесет и четири години христијанство не бил наврат-нанос изведен, барем не до конечниот совршен и плодоносен облик. Ова денес мошне добро го илустрираат тешките последици од доделувањето Томос за автокефалност на новоформираната, етнички втемелена Православна Црква на Украина, но и изостанокот на теолошки дијалог (па и на автентичен темел) во изведбата на тој процес. Актуелниот еклисиолошки спор меѓу Московската Патријаршија и Цариградската Патријаршија (кој впрочем и не е од политички карактер туку покажа и суштинска, неодминлива и мошне клучна за современиот христијански живот антрополошко-теолошка димензија), отвори сосем нова страница во стојалиштата на Епископите на Македонската Православна Црква при расветлувањето на нивната позиција во севкупните процеси во Православието, кои најрелевантно се докоснуваат до моделот за стекнувањето на Томосот за автокефалност, последиците од него и сведочењето на независниот, автентично православен статус којшто Македонската Православна Црква на мистичен план во долгодецениски, па и долговековен процес самостојно го освојува. За жал, Вашето поимање на автокефалноста е во сушта спротивност со богословската содржина на тој поим, така што советот дека е подобро како разбојници да прескокнете во Стадото Христово и да ризикувате овците Божји да не го препознаваат гласот Негов и гласот на пастирите кои добро ја знаат благословената порта со која се влегува во тоа Стадо, односно во срцата на верните, тој профан совет кој упорно се обидувате да го наметнете на македонскиот православен човек како рецепт за успех, му е туѓ на Евангелскиот Збор на Спасителот на светот. Инаку, своевремено и самите Свети Апостоли спореа меѓусебе на истите теми, кој каде ќе проповеда и кој кому ќе биде помошник или мисионерски ќе се осамостои, само тоа никогаш не смееше да биде на штета на делото Божјо. Не бадијала Св. Апостол Павле се пожали во една прилика: “Немам никој еднаков на моите мисли, кој толку искрено би се погрижил за вас, оти сите си го бараат своето, а не она на Исуса Христа” (Филип. 2, 20 -21). Значи, автокефалноста првенствено подразбира свест за себе, способност за расудување, едно неопходно рамниште на богопросветлено трезвеноумие, чување на христоцентричната природа на Црквата, слобода во Бога, а не некаква стрмоглава амбиција за јуридичко осигурана позиција чија реална содржина може како од шега да испари. Можноста за сослужување е токму за тоа и дадена: за меѓусебно препознавање на стоењето во Вистината, во Љубовта Христова, во силата на благодатните врски во Светиот Дух. Секој слободен и добронамерен верник, не само македонскиот, се радува на таа можност. Може да тагува само некој кој е воден од поинакви побуди и кој не сака да стоиме во слободата со која не’ ослободи Исус Христос за која Св. Апостол Павле меѓу другото предупредува : “И не се подавајте пак под ропски јарем” (Гал. 5, 1), кој исто така вели: “Ако пак меѓу себе се гризетеи и јадете, пазете да не се истребите еден со друг.” (Гал. 5, 15). И така, глобалните геополитички процеси во кои улогата на Православната Црква не е нималку наивна се доволно сложени за да се дрзнеме да ги обвиниме македонските архиереи за некакво недостојно носење на јаремот Христов. Ако сите стоевме со страв Божји светот сигурно ќе изгледаше сосем поинаку.

  3. тој што го напишал и објавил овој текст не се потпишал со име и презиме и едно прашање до него ако сака да одговори, штом толку го велича и го слави Фанар: Зошто ако Фанар е тој што има јурисдикција на оваа територија, ни мисли добро и многу не сака, зошто чекаше повеќе од 70 години било што да преземе за решавање на нашиот статус и зошто до сега не ни го додели тој томос за кој што велите дека треба да ни го додели? зошто се сите тие условувања кои треба да ги прифатиме и на крај зошто толку заинтересирано и страсно ги брани нивните барања, кои во суштина не се разликуваат многу од барањата и условувањата што претходно ни беа упатувани од грчката држава?

  4. Hmm…Ako MPC-OA profatila Srpskata crkva da Im bide Majka, togas cii ceda se denesnive Makedonci?!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Бугарскиот патријарх по стапките на Кирил и Порфириј – сака да заузда секакво критичко мислење во Црквата

Бугарскиот патријарх Даниил почна да ги користи методите на српската и на Руската православна црква, со цел да...

Нови можности за рекреација: Тоневски ја најави велосипедска патеката Пробиштип–Ратавица

Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски, најави изградба на нова велосипедска патека од Пробиштип до селото...

ВИДЕО: Ѓорѓиевски со екипите на терен: Акција за чистење на најкритичните локации во градот

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, утрово ја продолжи акцијата за чистење на главниот град, заедно...

Вартоломеј во Букурешт – пораката испратена кон Москва

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пристигна во Букурешт за осветување на најголемиот православен храм во светот, Националната катедрала на Букурешт. Тој...