Митрополитите Агатангел и Пимен добија архиерејски инсигнии – крст и панагија, како подарок од Архиепископот Стефан.
Архиерејските одличија, поглаварот им ги подарил на вчерашнпто заедничко сослужување во Скопје, во црквата Св. Георги во Чаир.
Повод се 70 годишниот роденден на Агатангел и 20 години епископска служба на Пимен.
-На 16 ноември 2025 година, кога Црквата го празнува Обновувањето и осветувањето на храмот „Св. вмч. Георгиј Победоносец“ во Лида, Ѓурѓиц, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан – во сослужение со Нивните Високопреосвештенства, Митрополитите: Повардарски г. Агатангел и Европски г. Пимен – богослужеше Света Литургија во храмот посветен на овој славен великомаченик, во нас. Чаир. На Литургијата во чин јереј беше ракоположен ѓаконот Дарко Несторовски. По Божествената Литургија, Архиепископот им подари на митрополитите архијерејски инсигнии – крст и панагија, по повод 70 годишниот јубилеј од раѓањето на Митрополитот Агатангел и 20 годишниот јубилеј од епископска служба на Митрополитот Пимен, стои во соопштението.

