Архиепископот Стефан му честитал именден на Онуфриј – поглаварот на самопрогласената автокефална УПЦ-МП

Date:

Share post:

Архиепископот Стефан испратил честитка за именденот до поглаварот на Укаринската православна црква – Московска Патријаршија. Честитката Архиепископот ја адресирал од името на целиот Синод на МПЦ-ОА, иако е непознато дали сите владици го делат неговиот став, но во веста објавена од УПЦ-МП, пишува дека „Aрхиепископот Охридски и Македонски Стефан, во име на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква — Охридска архиепископија и во свое име, испрати честитки до Неговото Блаженство Митрополитот Онуфриј на Киев и цела Украина по повод именденот, 25 јуни 2024 година“.

-Ве поздравуваме на денот на споменот на вашиот небесен покровител, Преподобниот Онуфриј Велики, со целосни и најискрени желби за силно здравје и обилна милост од Бога во вашето претстојателско служење на Црквата Христова. Вашите дела и молитви како поглавар на Украинската православна црква ги зајакнуваат верните луѓе, покажувајќи ве како добар пастир на стадото доверено ви од Бога, стои во честитката.

Од информативниот сајт на УПЦ-МП може да се забележи дека Архиепископот Стефан е само тројцата поглавари на помесни православни цркви кои досега испратил честитка за именденот на Охуфриј. Покрај него тука се поглаварот на неприфатената во православниот свет автокефална црква на Америка и поглаварот на Црквата на Чешка и на Словачка.

Украинската павославна црква од пред една година е црква која самопрогласи автокефалност, одвојувајќи се од Руската црква поради воениот конфликт. Ниту една црква во православниот свет не ја признава за автокефална, а Руската црква досега не покрена процес за санкции.

За Онуфриј и неговата УПЦ-МП до пред една година МПЦ-ОА практично непостоеше.

2 COMMENTS

  1. Да ги поткрепиш гонетите заради Името Христово е дело Божјо, другото е просто дело човечко, mainstream калкулација. Добро сторено, дедо Стефан!

    • Предобро сторено. Но порталов и понатака известува во дух на една анти-пропаганда кон УПЦ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нови можности за рекреација: Тоневски ја најави велосипедска патеката Пробиштип–Ратавица

Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски, најави изградба на нова велосипедска патека од Пробиштип до селото...

ВИДЕО: Ѓорѓиевски со екипите на терен: Акција за чистење на најкритичните локации во градот

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, утрово ја продолжи акцијата за чистење на главниот град, заедно...

Вартоломеј во Букурешт – пораката испратена кон Москва

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пристигна во Букурешт за осветување на најголемиот православен храм во светот, Националната катедрала на Букурешт. Тој...

Вселенскиот патријарх Вартоломеј: „Автокефалноста не служи за поделба, туку за единство во Црквата“

Во својата беседа, Вселенскиот патријарх Вартоломеј изрази радост и благодарност за топлиот пречек и љубовта на патријархот Даниел,...