Архиепископот му честиташе на Мицкоски за изборот на владата

Date:

Share post:

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан упати честитка до Христијан Мицкоски за изборот за претседател на Владата посакувајќи му успешен и плодотворен мандат на, како што истакнува, исклучително одговорната должност.

-Почитувајќи ја волјата на мнозинството граѓани на последните собраниски избори во Македонија, кои во Вашата програма препознаа можност за напредок на државата, дозволете ми од Свое, како и од името на архијереите, свештенството, монаштвото и верниот народ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, да Ви го честитаме изборот за Претседател на Владата на Македонија.  Имајќи ги предвид времето и приликите во кои живееме, Ви посакуваме од Господа успешен и плодотворен мандат на исклучително одговорната должност како Претседател на македонската Влада. Секоја власт е од Бога, поучува светиот апостол Павле (Рим. 13, 1), па Нашите молитви се упатени кон Него, за Вам и на Вашите соработници да Ви дарува добро здравје, потребно трпение и многу мудрост за успешно извршување на должностите, преку богоугодни и родољубиви дела, пишува во честитката.

Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, која вековно ги негува духовните и општествените полезни вредности, наведува поглаварот г.г. Стефан, очекува соработка со институциите на новата Влада во рамките на уставните и законските можности

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вселенскиот Патријарх: Незамисливо е православни епископи да се делат по нации

Обраќањето на Вселенскиот патријарх Вартоломеј за време на свечената седница на Светиот Синод на Православната Црква на Романија...

Благословени избори – клеропартизам

Од бакнување рака, преку барање благослови за успешен почеток, до палење свеќи за добро завршен крај. Средби, подароци,...

Првиот муслиман и најмлад градоначалник во историјата на Њујорк – Зохран Мамдани

Зохран Мамдани, кандидат на Демократската партија и член на движењето Демократски социјалисти на Америка, е избран за нов...

САД покажуваат интерес за Света Гора: Ригас во официјална посета на Атон

Американскиот заменик-државен секретар Мајкл Ригас ја оствари својата прва официјална посета на Света Гора – Атон, каде што...