Американско-канадската епархија на МПЦ-ОА одбележа 50 години од осветувањето на првата црква во Њу Џерси.
Вечерната Бопгослужба ја отслужи Архиепископот Стефан во храмот „Свети Кирил и Методиј“ во Њу Џерси – САД. На литургијата сослужувале свештеници од Американско-канадската и од Скопската епархија, но и од Источноамериканската епархија на Српска Православна Црква.
-По повод јубилејот и успешното полувековно делување на црковната општина домаќин – „Свети Кирил и Методиј“, како и на црковната општина „Рождество на Пресвета Богородица“ од Стерлинг Хаитс, Мичиген, САД,, чијшто прв храм, исто така, бил осветен во 1974 година, Неговото Блаженство ги одликува овие две македонски православни црковни општини со Архиепископско одличје „Архиепископ Доситеј“, велат од епархијата.

