Архиепископот г.г Стефан го служел опелото на погребот на мајката на Српскиот Патријарх Порфириј, Радојка Периќ во Чуруг во Србија, објави СПЦ. Покрај Архиепископот, во опелото учествувале и владиците Петар и Климент.
-Чинот на опелото над телото на новопреставената Божја служинка Радојка го отслужи Неговото Блаженство Архиепископ охридски и македонски г. Стефан, во сослужение на високопреосветениот митрополит преспанско-пелагониски г. Петар и преосветените господа епископи банатски Никанор, бачкиот Иринеј, шумадискиот Јован, зворничко-тузланстскиот Фотиј, австриско-швајцарскиот Андреја, нишкиот Арсениј, далматинскиот Никоди, осечкополскиот Херувим, ваљевскиот Исихиј, шабачкиот Јеротеј, хераклејскиот Климент, ремезијскиот Стефан, михачкиот Дамаскин, марченскиот Сава, хвостанскиот Алексеј, новобродскиот Иларион, јегарскиот Нектариј, липањскиот Доситеј, топличкиот Петар и свештенства од повеќе епархии на нашата помесна црква, пишува во соопштението на СПЦ.
На погребот на мајката на српскиот патријарх присуствувале и Претседателот на Србија, Александар Вучиќ,претседателот на Републикс Српска, Милорад Додиќ и голем број политички претставници.