Aлмир, прости што не те заштитивме

Date:

Share post:

Кога ќе се роди машко – се посадува даб, кога ќе умре машкото – се сече дабот( Стар албански обичај)

Деновиве се исече еден млад даб во една албанска фамилија во Куманово и ги растревожи срцата на сите Албанци, било каде да се наоѓаат. Но, длабоко верувам дека смртта на Алмир растревожи и многу неалбанци. Бидејќи, Алмир беше само едно четиригодишно дете, беше едно Божје створение со чиста душа, створение , што на луѓето им беше подарил само насмевка и радост, створение што не стигна да разбере колку лоши можат да бидат возрасните и какви чудовишта се кријат во нив.

Веќе со денови ме мачи ова грозно убиство што го изврши еден наш сограѓанин, едно младо момче што природно требаше да биде претставник на генерациите што треба да го исчистат плевелот што го покрива нашето општество. А, токму тоа момче, со умисла прегази со својот автомобил цела една фамилија, убивајќи при тоа дете од само четири години.

Видео снимката од овој чудовишен настан веќе кружи низ интернет и за мене претставува врв на морбидноста, башка што ширењето на таква снимка ми се чини дека е многу не етичен чин.

Замислете, тој млад човек не се задоволил со тоа што ги прегазил Алмир и неговите родители, туку излегол и продолжил да удира по нив со бејзбол палка, пцуејќи им ја “шиптарската мајка“. Боже, каде ќе му оди душата на тоа чудовиште. О Боже, како е можно да се насобере толку гнев во само еден човек? Постојат злосторства што никако не ги простуваат ниту Бог, ниту законот, ниту човекот, а убиството на Алмир е токму од тој вид.

Кај нас Албанците се простени многу убиства, простена е крвта, често се случувало да се проголта нешто што не може да се голтне само за да се докаже и потврди човечноста, подадена е раката иако срцето било преполно со болка. Но, Албанците не паметат слично убиство како тоа на малиот Алмир, никогаш не се случило еден Албанец намерно да убие дете, било од која вера или нација. Убиство на дете е забрането и верски и по Канунот на Лек Дукаѓини, се смета како дно на сите дна и го одбележува убиецот како недостоен да се нарекува човек и маж. Затоа, сите ние сме шокирани и не можеме да изнајдеме ниту најмало оправдание за чудовиштето што уби дете. Таа пролеана крв не погоди болно во душите и во нашите верски и национални чувства затоа што крвта е детска и се пролеа поради омразата на чудовиштето што тој очигледно ја негувал кон нацијата на која што припаѓаше детето.

Ете затоа, ние никогаш нема да ја простиме таа крв. Ние не им простуваме на чудовишта. Се разбира, овие ставови не потикнуваат освета и омраза бидејќи ние се уште сакаме да веруваме во владеењето на законот, иако сме сведоци на флагрантни прекршувања што се случуваат во нашите судови и законодавство. Исто како и таткото на Алмир и целото негово семејство, сите ние бараме правда, а во овој случај праведно може да се нарече само доживотна казна затвор за детеубиецот. Сите евентуални манипулации со законот, нема да ги признаеме.

Овој невиден злостор не може и не смее да добие друг епилог од тој што го бара крвта на Алмир, неговото семејство и сите ние. Денес, кога срцата на родителите на убиеното дете се преполни со тага, кога сите сме вџашени од интензитетот на омразата што во себе ја носел чудовишниот детеубиец кон Албанците, јас сакам да ја изразам мојата убеденост дека пролеаната детска крв не оди на душа на сите наши сограѓани Македонци. Јас категорично одбивам да верувам дека тие, исто како чудовиштето, мислат дека нивната крв е по драгоцена и по скапа од нашата. Поради тоа, очекувам по цврсто реагирање од нив, очекувам реагирање што барем малку ќе ја ублажи болката на родителите на Алмир.

Инсистирајќи овој ужасен настан да не добие не сакани димензии и барајќи во овој случај да бидеме сплотени и да не дозволиме хиените што ни се врткаат наоколу да поентираат политички од оваа и слични трагедии, сепак прашувам: Какво е бре ова општество во кое што на најварварски начин се убива едно дете, кој и како придонел меѓу нас да екгзистира едно чудовиште, што превземало ова општество да го оневозможи трансформирањето на еден човек во чудовиште, колку убијци и чудовишта се кријат меѓу нас и го чекаат поволниот момент за да убијат некое друго дете?

Sulejman Redzepi 1Алмир, ти си во џенетот, ти си мелек(ангел). Прости ни што не успеавме да изградиме едно сигурно општество во кое што децата нема да бидат убивани од чудовишта, едно општество во кое што децата ќе растат среќни и нема да се сочуваат со глупави предрасуди и омраза. Прости ни што не успеавме да изградиме општество во кое што ти и твоите другари и другарки, било какви да им се имињата, би биле заштитени од ужасите на овој свет.

Алах нека им даде гајрет на родителите на Алмир.

Пишува: х. Сулејман еф. Реџепи

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вартоломеј доби највисоко државно одликување од Романија

Највисокото државно одликување на Романија —„Огрдениот ѓердан на Орденот на Ѕвездата на Романија“ — му беше доделено на...

Полската црква иницира сеправославен собор

Синодот на Православната црква на Полска побара свикување на сеправославен Собор за решавање на отворените прашања во православниот...

Папата Лав за најавената средба со Вартоломеј – Еден Господ, една вера, едно крштевање

Ватикан објави дека фразата што го опфаќа подлабокото значење на претстојното патување на папата Лав XIV во Мала...

Вартоломеј во Анкара

Всленексиот патријарх Вартоломеј на покана од претседателот Реџеп Таип Ердоган е во Анкара, за денот на Републиката. -Во придружба...