Митрополијата на Александрополи соопштила дека е во тек исплатата на финансиската поддршка за семејствата со трето дете, која се очекува да заврши пред божиќните празници.
Според соопштението, 182 корисници од митрополијата годинава ќе добијат зголемен износ од 730 евра по семејство, наместо вообичаените 400 евра. Вкупната сума што ќе биде издвоена за оваа намена изнесува 132.860 евра, исто како и минатата година.
Од митрополијата наведуваат дека мерката има за цел да им помогне на семејствата со повеќе деца во период на зголемени економски предизвици и да ја зајакне социјалната поддршка на локално ниво.
Од митрополијата информираат дека условите и потребната документација за учество во програмата се јасно дефинирани и достапни преку нивните официјални канали.
Слична иницијатива во МПЦ-ОА спроведува и Преспанско-пелагониската епархија преку фондот „Свети Стилијан“, но досега со ниедно поткрепено соопштение не е информирана јавноста колку и кому се доделени средствата што се одвојуваат за повеќедетни семејства.
