Почетна Празници Денеска е Света Мајка Тереза од Калкута
Денеска е Света Мајка Тереза од Калкута

Денеска е Света Мајка Тереза од Калкута

542
0

Верски календар: 05 Септември

 

КАТОЛИЧКА ЦРКВА Света Мајка Тереза Калкутска

SVETA MAJKA TEREZA 1Мајка Тереза или Света Тереза Калкутска е родена е во Скопје под името Агнеза Гонџа Бојаџиу . Израснала во добро ситуирано католичко семејство. Нејзиниот татко бил од Призрен, додека нејзината мајка била од село во близина на Ѓаково, денешно Косово. На возраст од девет години нејзиниот татко ненадејно починал. Уште на возраст од 12 години таа се одлучила да живее како калуѓерка.

Во 1928 година заминува од родниот град и преку Даблин оди вo Бенгал и Калкута во Индија. По само два месеца таа си ја исполнува својата желба и се приклучува кон редот „Лоретски сестри“ во Бенгал. Во Калкута ја дава својата прва заклетва. Потоа е активна 17 години во училиштето „St. Mary’s School“ во Калкута. Најпрво како наставничка, а потоа унапредена во директор.

На едно од бројните патувања низ милионскиот град Калкута таа во 1946 год. го почувствува Божјиот повик да им помага на сиромашните. Дури две години подоцна добива дозвола да го напушти редот. Тереза била ексклаузирана, односно значи можеше да го напушти редот без притоа да се откаже од својот статус на калуѓерка. Оттогаш Тереза живее со најсиромашните во предградијата на Калкута.

Како основач на редот Мисионери на милосрдието, се посветила на добротворна работа помагајќи им на болните и сиромашните луѓе, поради што во 1979 година ја доби Нобеловата награда за мир.

Во 1949 год. самата стана Индијка и во 1950 год. го основаше редот „Мисионерки на љубовта кон ближниот“. Членовите на овој редот мораа да се обврзат на несклучување брак, на сиромаштија и послушност. Подоцна овој ред беше признат од страна на папата и беше под негова контрола. Тереза со редот посебно се грижеше за лица што беа пред смрт, сирачиња и болни. Нивниот посебен ангажман, сепак, беше грижата за болните од лепроза.

Денес редот на Мајка Тереза брои преку 3000 сестри и преку 500 браќа во повеќе од 100 земји од светот. За нејзиното несебично дело таа доби голем број награди. Најзначајна, без сомнение, беше Нобеловата награда за мир од 1979 год.

Наредната година таа е прогласена за почесен граѓанин на нејзиниот роден град Скопје, кој од своето заминување во божја и хуманитарна мисија за помош на гладните и осамените, го посетила четири пати – во 1970, 1978, 1980 и во 1986 година.

Мајка Тереза почина на 5 септември 1997 година во Калкута

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *