АГАТАНГЕЛ: Изненаден сум од соопштението на Синодот, бидејќи тој не заседавал за ова

Date:

Share post:

Повардарскиот митрополит г. Агатангел се огради од ставот на САС на МПЦ со кој и заблагодари на БПЦ-БП за денешната одлука со која таа прифати да биде промотор на автокефалноста на МПЦ-ОА пред Православниот свет.

Владиката Агатангел во писмена реакција вели дека Синодот воопшто и не заседавал.

– Изненаден сум од веста дека постои соопштение на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА, бидејќи Синодот на МПЦ – ОА не заседавал по ова прашање. Јас како еден од владиците не сум запознат за тоа кој ја соопшти оваа вест дека нашиот Синод и благодари на БПЦ за нивната одлука и решение дека тие ќе формирале комисија за преговори со другите помесни православни цркви за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА, стои во реакцијата на митрополитот Агатангел.

Според него, фомирањето комисија може да го одложува до недоглед решавањето на црковениот статус на МПЦ-ОА.

– По нашето писмо кое го доставивме до БПЦ, а кое не беше едногласно прифатено од Светиот Синод на МПЦ-ОА како краен резултат еве денес што добивме како решение. БПЦ сега се претставува и прифаќа да биде мајка – црква, без притоа да има било каква обврска кон нашиот автокефален статус, што е уште една навреда кон МПЦ-ОА, кон македонскиот народ, кон македонската нација, стои во пишаната реакција од митрополитот Агатангел.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here