Верски календар: 03 јуни
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Пресвето Срце Исисово
Скопската катедрална Католичка црква „Пресвето Срце Исусово“ денеска го одбележува патронатот на Скопската бискупија и на катедралната црква.
За овој јубилеен настан на Католичката црква, гостин ќе биде воениот бискуп на вооружениет сили на Босна и Херцеговина, монсињор Томо Вукшиќ.
Бискупот Вукшиќ и Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх, Киро Стојанов ќе отслужат Света Миса, а попладне и свечена евхаристиска прослава и процесија.
Инаку празникот Пресвето Срце Исусово настанал како симбол на возвишената Христова љубов, а побожноста кон него го одбележува современото Христијанство.
Поттикот за воведување на празникот Срце Исусово доаѓа од францускиоит град Парај Ле Мониала каде од 1673 до 1675, света Марија Маргарита доживеала претскажување.
Папата Климент XIII дозволил во 1765 одбележување на празникот Срце Исусово