Верски календар: 30 мај
КАТОЛИЧКА ЦРКВА: Св. Фердинад Трети.
Бил роден во 1198 година. Тој бил син на леонскиот крал Алфонс Деветти. Во 1217 година се оженил со Беатриче. За време на неговото владеење биле изградени неколку катедрали. Свети Фердинанд бил многу побожен и ја помагал црквата Христова. За своите победи и успеси му бил благодарен на Господ. Умрел во 1252 година.