„Националниот ден на Власите веќе десетта година по ред се прославува како празник на влашката заедница во Република Македонија, што претставува основен симбол за почит кон една од најавтентичните култури кои живееле на овие простори. Влашката култура, срдечност и мирољубивост се составен дел на македонското општество, а влашката заедница дала значаен историски, општествен и културен придонес во современата македонска држава, пишува во честитката, Премиерот Емил Димитриев што за националниот ден на Власите во име на Владата ја испратил до припадниците на влашката етничка заедница о Македонија.
Власите, вели Димитриев се нераскинлив дел од минатото, сегашноста и иднината на Република Македонија.
– Честитајќи ви го денешниот празник, дозволете ми да го изразам своето уверување дека со заеднички напори ќе продолжиме да работиме во интерес на Република Македонија, во интерес на подобар живот на нашите граѓани и напредок во секоја област од значење за државата. Упатувајќи ви најискрени честитки, ви посакувам добро празнично расположение, многу радост и бериќет во вашите семејства, стои во честитката.

