Денеска во Велес на голем црковно-народен собор ќе биде осветен новоизградениот храм „Свети Козма и Дамјан“.
Чинот на осветување на болничкиот новоизграден храм во Велес ќе го изврши, митрополитот Повардарски Агатангел, а потоа заедно со свештеници на епархијата ќе ја отслужи и првата литургија во оваа црква.
Болничкиот храм „Свети Козма и Дамјан“ е едена од значајните цркви за Велешани.
Камен темелникот на оваа црква беше поставен на Hа 23 октомври 2011 година во дворот на Општата Болница во Велес. Осветувањето на камен-темелникот го извршија Митрополитот Повардарски г.Агатангел во сослужение на Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар и бројно свештенство од двете епархии.

