Антисламистите станаа трета најмоќна партија во Германија

Date:

Share post:

Според последната анкета на германската национална телевизија АРД антиисламската и антиимигранската партија „Алтернатива за Германија“ (АФД) има рекорден рејтинг од 15 отсто на федерално ниво, јави дописникот на МИА од Берлин.

anti islamska partija 2Партијата која што е основана во 2013 година и која на почеток се залагаше за излегување од еврозоната, а подоцна за централни точки на својата политика ги презема прашањата за бегалците и исламот во земјата има само 5 отсто помалку од втората најмоќна германска партија СПД. Покрај социјалдемократите, пад на рејтингот доживува и најголемата партија ЦДУ на канцеларката Меркел која сега има 33 проценти рејтинг.

Според анкетата, дури 52 отсто од испитаниците не се задоволни од работата на Владата, а најпопуларен политичар е министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер од СПД со 70 проценти од граѓаните кои што имаат позитивен став за неговата работа.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img