Почетна Вера Во спомен на Јом Ашоа
Во спомен на Јом Ашоа

Во спомен на Јом Ашоа

130
0

Еврејската заедница во Македонија го одбележа Јом Ашоа, националниот комеморативен ден на холокаустот, во спомен на востанието на Евреите во Варшавското гето во 1943 година.

Со палење меморијални свеќи беа одбележани 73 години од востанието и смртта на шест милиони евреи во Варшавското гето. Денешниот ден е ден на херојството достоинството и непокорот на човекот, вели директорот на Музејот на холокаустот, Горан Садикарио.

13187665_10208616926808059_1080135396_nНаместо омраза, да завладеат разум, договор и почит, порача претседателот на Еврејската заедница, Берта Романо Николиќ. Рече дека сеќавањето не смее да престане, тоа треба да е опомена за идните генерации.

13181085_10208616925368023_1618792970_nВо Музејот на холокаустот беше поставена и детска изложба како дел од проектот „Толеранција, дијалог и соработка“ .

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *