Јордан со камери ќе следи евентуални провокации во Ерусалим

Date:

Share post:

Јордан следните денови ќе постави 55 надзорни камери на Платото на џамиите, едно од трите најсвети места на исламот, коешто Евреите го нарекуваат Ридот на храмот, во Ерусалим, за да се „документираат израелските прекршувања“.

Платото на џамијата се наоѓа во ерусалимскиот Стар град и е третото најсвето место на исламот, но таму се наоѓаат и остатоците од старозаветниот еврејски храм, најсветото место на јудаизмот. На Платото се на сила правилото наречено „статус-кво“, кое им овозможува на Евреите да го посетат тоа место, но таму не смеат да се молат. Муслиманите, пак, таму можат да се молат во секое време од денот, но се жалат дека Израелците им го ограничуваат пристапот.

Јордан, кој го води надзорот на светите места во источен Ерусалим, кој меѓународната заедница го смета за палестинска територија окупирана од Израел, во неделата објавувајќи ја веста за поставување на надзорните камери, додаде дека ќе отвори „контролен центар“, од кој деноноќно ќе го следи видео надзорот на Платото.

Снимките ќе бидат објавувани на интернет за да се „документираат сите израелски прекршувања и напади“, потенцираат властите истакнувајќи дека камерите нема да бидат поставени во џамиите.

Воведувањето на 24-часовниот видео надзор на целото Плато на џамиите ланскиот октомври го најави американскиот државен секретар Џон Кери, по средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху , претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас и со јорданскиот крал Абдула Втори. Неколку дена подоцна Јордан протестираше обвинувајќи дека Израел попречува да и постави камерите. Овие камери треба да ги одвратат провокациите од двете страни, а доколку се случат, треба да утврди кој е одговорен за нив.

Платото, или Харам ал-Шариф за муслиманите, на кое се наоѓаат џамиите ал-Акса, Куполата на карпата и Омаровата џамија, е во источен палестинскиот дел на Ерусалим кој и двете страни го прогласуваат за главен град на еврејската и на идната палестинска држава.

Палестинците го обвинуваат Израел дека сака системски и дефинитивно да го промени статус-квото коешто се почитуваше со децении, според кој Евреите може да го посетуваат Ридот, но и таму да се молат.

Израелскиот премиер Бењамин Нетањаху одлучно отфрли каква и да е намера тоа да го промени. Повиците на радикалните еврејски групации и партии да се дозволи молитва на Ридот, па дури и да се уништат двете џамии и повторно да се изгради Ерусалимскиот храм, според него, не ја одразуваат и политиката на владата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img