Руската православна заедница во Техеран одбележа 80 години од осветувањето на катедралата

Date:

Share post:

Руската православна заедница во Техеран одбележала повеќекратен значаен јубилеј: празникот на својот небесен заштитник, свети Николај Чудотворец, 80 години од осветувањето на катедралата посветена на светецот, како и 30 години од повторното враќање на парохијата под јурисдикција на Московската патријаршија.

По повод јубилејот, во катедралата „Св. Николај“ била отслужена свечена Божествена литургија, на која началствуваше настојателот архимандрит Александар (Заркешев).

Во пресрет на празникот, во храмот се спроведувале зафати за реновирање, меѓу кои поставување нова проскомидијална маса и нов свет престол. По повод 80-годишнината, Патријархот на Москва и на цела Русија Кирил ѝ додели на катедралата посебна литургиска привилегија – Божествената литургија да се служи со отворени Царски двери до молитвата „Оче наш“.

Руското православно присуство на територијата на денешен Иран датира од крајот на XVI век, кога монахот Никифор ја основал првата руска парохија во Персија. До почетокот на XX век таму дејствувала црковна мисија, а до 1917 година околу 50 руски православни храмови им служеле на верниците. Поголемиот дел од нив биле затворени во раните 1920-ти години.

По Руската револуција, советските власти ја прекинале финансиската поддршка за црковните институции во Персија, вклучително и мисијата во Техеран. Во првата половина на 1940-тите, благодарение на донации од руски емигранти, бил изграден нов храм на северната периферија на Техеран. Катедралата „Св. Николај“ била официјално отворена во 1945 година, тогаш под јурисдикција на Руската православна црква надвор од Русија. Во текот на 1980-тите години храмот постепено западнал во запустување, а во 1995 година, по барање на верниците, бил примeн во состав на Московската патријаршија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here