Организацијата English Heritage, која се занимава со заштита на историсккото наследство во Англија, ги избришала тврдењата од својата официјална објава дека празникот Божик (25 декември) потекнува од пагански обичаи, откако тие беа широко оспорени и демантирани од историчари и академски кругови.
Според оригиналната објава, која се проширила на социјалните мрежи, English Heritage наводно го поврзаласовременото празнување на Божик со паганските традиции и зимските обичаи пред христијанството. Тврдењата веднаш предизвикале критики дека организацијата ја меша народната традиција со теолошката и историската основа на празникот.
По реакции од експерти и јавноста, организацијата ја повлекла содржината и објавила корегирана верзија. Во новиот текст се нагласува дека за Божик, како христијански празник што го одбележува раѓањето на Исус Христос, нема директен историски доказ кои го поврзуваат со пагански корени, и дека сличните зимски обичаи не претставуваат историографски аргумент за потеклото на датумот на празнување.
Историски гледано, 25 декември како датум на празнувањете на раѓањето на Христос се појавува во раноцрковната традиција уште во 4. век. Официјалното потекло на датумот е предмет на научни дискусии, но голем дел од академската јавност го третира како црковно-теолошки избор, а не како директен преименуван или присвоен пагански празник.
Оваа корекција доаѓа во време кога прашањата за религиозното значење на Божик и народните обичаи повторно се предмет на јавни дебати. Експертите предупредуваат дека историските факти треба да се одвојуваат од легендите и популарните претстави, со цел да се зачува точниот контекст на христијанските празници.
