Исламската верска заедница дел од регионалниот меѓурелигиски форум „Процесот од Акаба“ во Јордан

Date:

Share post:

Во јорданскиот регион помеѓу Мртвото Море и Акаба се одржа престижниот форум „Процесот од Акаба – Меѓурелигиски дијалог на Балканот“, на кој од Македонија учествуваше и Исламската верска заедница, а ја претставуваше директорот за дијаспора, Мафиз Рустеми, како претставник на Реисот Шаќир Фетаи.

Конференцијата се одржа под покровителство на кралот на Јордан, Абдула II, и премиерот на Албанија, Еди Рама, кои лично присуствуваа на настанот. Форумот ги обедини верските лидери и претставниците на институциите од Балканот и арапските земји, ставајќи акцент на улогата на религијата како извор на стабилност, мудрост и достоинство.

Главната цел на собирот беше продлабочување на меѓурелигискиот дијалог, поттикнување на толеранцијата и развивање секојдневна соработка меѓу различните верски заедници, како услов за траен мир и стабилност во Балканскиот регион.

Претставникот на ИВЗ оствари и посебна средба со принцот Гази бин Мухамед, личен пратеник и главен советник за верски и културни прашања на јорданскиот монарх. На средбата беа пренесени поздравите од Реисул-улемата, како и информацијата дека Исламската верска заедница на Македонија со децении работи на градење соживот и почит меѓу верските заедници.

Во разговорот било истакнато дека фактот што муслимани, христијани и други заедници во Македонија живеат заедно со векови, е доказ дека различноста претставува општествена одговорност, а не пречка.

Средбата се одржа без присуство на медиумите.

На средбата присуствува и владиката Петар од МПЦ-ОА.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img