Во Фанар одбележан 60-годишниниот јубилеј од укинувањето на анатемите

Date:

Share post:

Вселенскиот патријарх Вартоломеј торжествено го одбележл 60-годишниниот јубилеј од историскиот чин со кој во 1965 година папата Павле VI и патријархот Атинагора I ги укинаа меѓусебните анатеми од 1054 година – еден од најзначајните моменти во современата историја на христијанството. На патријаршиската Литургија, во присуство на повеќе митрополити и претставници на Патријаршијата, била отслужена ипосебна благодарствена доxологија.

Патријархот истакнал дека укинувањето на анатемите не било само дипломатски чин, туку „духовно воскресение“ кое го отворило патот за обновеното братство помеѓу Источната и Западната Црква. Според него, примерот на Павле VI и Атинагора покажал дека вистинското помирување започнува со храброст и лична жртва. Вартоломеј го потсетил народот дека папата Павле VI симболично клекнал пред православната делегација — гест што го означило почетокот на една нова ера на меѓусебно почитување.

Во еден момент од својата проповед, тој му оддал почит на починатиот митрополит Јован Зизиулас, истакнат теолог и главен архитект на теолошкиот дијалог. „Тој длабоко ја разбираше итната потреба од меѓусебно почитување и повторно откривање еден на друг: „Исток, каде е твојот Запад?“ напишал тој. „Запад, каде е твојот Исток?“

Патријархот Вартоломеј изразил искрено жалење за растечката рамнодушност кон делото на единството, забележувајќи тенденции кон самоизолација, сомневање и недоверба: „Не смееме да ја напуштиме целта на единството под притисок на самодоволството или искушенијата на фанатизмот. Како што напиша митрополитот Јован, ако дозволиме патот да стане обраснат со трње, би значело дека се враќаме кон  минатото на отуѓеност. Наместо тоа, да негуваме почит, чест и пред сè меѓусебна љубов, за секоја средба да стане размена на духовни дарови и чекор кон единството.“

Во своето обраќање патријархот предупредил дека иако екуменскиот пат е отворен веќе шест децении, предизвиците за христијанското единство не се намалени. „Живееме во време на нови поделби, идеолошки судири и глобални тензии. Нашата задача е повторно да сведочиме за единството кое Христос го остави како заповед“, рекол тој, нагласувајќи дека дијалогот со Рим останува неопходен и плодотворен.

Со оваа годишнина Вселенската патријаршија не само што се наврати на историскиот настан од 1965 година, туку го потврди и своето современо заложување да продолжи да ја гради „културата на средба“ со Католичката црква, како и со сите христијани, со цел заедничко сведоштво во свет исполнет со конфликти и духовни предизвици.

Јубилејот бил проследен и со молитва за мир и единство, а од Фанар е испратена порака дека духот на Павле VI и Атинагора, дух на смелост, љубов и покајание, останува жив водич за идните генерации.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img