Финската православна црква усвоилa иницијатива за заштита на правата на сексуалните, родовите и другите малцинства во Црквата

Date:

Share post:

На својата петта пленарна сесија, Синодот на Финската Црква ја одобрил иницијативата за признавање и заштита на правата во рамки на црковниот живот на сексуалните и родовите малцинства, како и на другите ранливи групи. Одлуката била донесена по препорака на Црковниот совет, кој ја истакнал потребата Црквата да обезбеди средина во која сите верници – независно од пол, сексуална ориентација, етничка припадност, боја на кожа, здравствени потешкотии или социјален статус – ќе се чувствуваат безбедно, слушнато и почитувано.

Во извештајот било нагласено дека исклучувањето или негирањето на идентитетот на кој било член „не само што го повредува поединецот, туку ја ослабува заедницата како целина, ја ранува Црквата и ја прави помалку Црква“. Соборот оценил дека целите на иницијативата – зајакнување на безбедноста на верниците, човечкото достоинство и еднаквиот третман – се во согласност со православната пастирска традиција и воспитната мисија на Црквата.

Согласно усвоената одредба, Финската црква ќе развие посебни образовни програми, упатства и комуникациски модели кои ќе поддржат подобро вклучување и целосно учество на сите малцински групи во црковната заедница.

Синодот истакнал дека во случајот не зазема став по доктринарни прашања на верата, но нагласил дека црковните политики мораат да бидат во согласност со финското законодавство, особено во делот на заштита од дискриминација. Пастирската и воспитната мисија на Црквата, се додава во соопштението, бара јасни и доследни практики кои ќе обезбедат еднаков третман за секој човек. „Црквата мора да оди заедно со секој човек и да му дава поддршка во сите животни околности, до самиот крај“, се заклучува во документот.

Сè уште се очекува објавувањето на официјалниот документ за да се видат конкретните мерки и објаснувања на ставот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img