Шведската Црква предупреди за соработка со белоруски манастир поради наводни за проруски активности

Date:

Share post:

Шведската црква издaла официјално предупредување до своите парохии да не ги покануваат монахињите од белорускиот манастир „Св. Елисавета“, поради наводи дека манастирот финансиски ја поддржува руската инвазија врз Украина и одржува врски со руското воено разузнавање. Информацијата ја објави Euromaidan Press, повикувајќи се на извештаи од шведски медиуми и истражувачките организации.

Препораката доаѓа во контекст на растечките докази дека религиски институции поврзани со Москва се користат како структура за поддршка на руските воени операции. Духовниот водач на манастирот, протоерејот Андреј Лемешонок, јавно изјавил дека „манастирот е и борбена единица“ и дека монахињите „се борат за нашата иднина“ – изјава што шведските власти ја оценуваат како отворена поддршка на инвазијата. Таквата реторика потсетува на декларацијата на Руската православна црква од март 2024 година, во која војната беше опишана како „света“.

Според предупредувањето, приходите на манастирот директно или индиректно ја поддржуваат руската агресија, а установата одржува тесни контакти со руското воено разузнавање ГРУ. Шведската јавна телевизија SVT јави дека околу 10 до 20 шведски парохии низ годините имале одредена форма на соработка со манастирот. „Тие индиректно го поддржуваат рускиот режим и ние не сакаме да придонесуваме кон тоа“, изјавила Лиза-Гун Бернерштет, раководителка на секторот за граѓанска готовност во Шведската црква.

Манастирот „Св. Елисавета“ ги негирал обвинувањата и тврди дека средствата се користат за хуманитарна работа, како помош за сиромашни и грижа за стари лица. Сепак, записите и јавните настапи на Лемешонок покажуваат доследна поддршка за руската војна политика. Во говор по повод Денот на победата тој ја опишалактуелната инвазија како борба против „фашизам, безбожност и сатанизам“, а загинатите руски војници ги нарекол „нашите најдобри момчиња“.

Според истражувањата, манастирот функционира како комплекс со приближно 1.600 вработени, 12 цркви, 70 продавници и повеќе од 10 работилници. Врските со ГРУ датираат најмалку од 2017 година, кога рускиот потполковник Антон Маншин држел предавање во манастирот, ширејќи ја идеологијата на „рускиот свет“ и говорејќи за учество во воените операции во Чеченија, Украина и Сирија.

Шведска со ова предупредување се приклучува кон зголемениот број европски држави кои преземаат мерки против вакви активности. Во Полска, протест на белоруската дијаспора во 2024 година доведе до затворање на божиќниот пазар на манастирот во Шчечин, а во 2022 година, катедралата во Винчестер, Англија, го откажа својот пазар поради сомнежи за проруска ориентација на раководството.

Ова е прво официјално институционално предупредување во Скандинавија и претставува значаен чекор во ограничување на активностите на религиски организации за кои постојат сомнежи дека служат како канали за политички и воени влијанија од Москва.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img