Конференција за дијалог меѓу источните и ориенталните православни Цркви:

Date:

Share post:

Во организација на Екуменскиот институт Хафингтон при Хеленскиот колеџ „Светиот крст“, се одржалаконференција со наслов „Источните и Ориенталните православни Цркви: Напредување на дијалогот“.

На настанот биле присутни водечки научници, архиереи, професори и студенти, чија специјалност се темите како историјата на дијалогот, можностите за соработка, надминувањето на разликите меѓу Црквите и сл.

Организаторите истакнале дека иако во втората половина од XX век биле водени бројни средби и разговори помеѓу источните и ориенталните православни семејства на Цркви, резултатите се применети само од мал број црковни тела.

Од Конференцијата биле испратени клучни пораки. Имено, протојерејот д-р Џон Хрисавгис, извршен директор на институтот Хафингтон, потсетил дека верниците од двете страни се „најблиското семејство” и дека треба да чувствуваме одговорност ако не напредуваме во дијалогот и заедништвото. Архиепископот на Америка, Елпидофор истакнал дека и покрај историските разделби, од страна на овие Цркви е задржан Никео-цариградскииот символ на верата, што создава солидна основа за натамошен дијалог. Епископот Кирил од Коптската православна црква го оценил прашањето на дијалогот како „едно од најкритичните црковни прашања на нашата генерација“, нагласувајќи дека „потенцијалот за вистинско помирување е голем“.

Вториот ден од конференцијата вклучувал научни презентации кои се однесуваат на историски, теолошки, хагиолошки и литургиски бариери, како и кон разгледување на пристапи кои ќе овозможат единство. Д-р Ендру Јусеф предложил делумно прифаќање на Вселенските собори како реалистичен пат напред: „Мојата покана до моите источноправославни браќа и сестри е да ја истражат можноста за прифаќање елементи од соборите на Источната православна црква по Халкедон, дури и ако тие не биле историски дел од вашиот идентитет. За да се напредува кон обединување, потребно е одредено одвојување од минатото“.

На финалниот ден од конференцијата, говорниците го насочиле вниманието кон практични чекори: координација меѓу теолошки училишта, заеднички часови, меѓукултурна и меѓуконфесионална едукација и засилена комуникација меѓу парохиите и верниците. Учесниците се согласиле со заклучокот на епископот Даниел Финдикјан, кој рекол дека „бесконечниот дијалог“ не смее да биде крајното задоволство од овие иницијативи, туку дека треба да се цели кон „целосно заедништво како источни и ориентални православни околу евхаристиската трпеза, а не околу конференциската маса.“

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img