Архонтите со остра реакција за средбите меѓу американски официјални лица и руски православни клирици

Date:

Share post:

Архонтите на Вселенската Патријаршија објавиле остро формулирано соопштение во кое изразуваат „ужас и длабока загриженост“ поради средбите што оваа недела се одржале во Вашингтон меѓу претставници на Белата куќа, конгресни лидери и делегација од руски православни свештеници – опишани како „поддржувачи на Владимир Путин и неговата неправедна војна против Украина“.

Според архонтите, присуството на овие црковни претставници во американската престолнина претставува опасен обид за политичко влијание и манипулација врз американските носители на одлуки од страна на структури кои ги служат геополитичките цели на Кремљ под маска на религиозен дијалог.

Aerial view of buildings in a city, Washington DC, USA

Во своето соопштение тие се повикуваат на напис на The Hill, каде што се наведува дека „лобисти и духовници поврзани со Руската православна црква, отворени поддржувачи на војната на Путин, оваа недела спроведуваат кампања на Капитол Хил и одржуваат состаноци со администрацијата на Трамп“.

Архонтите нагласуваат дека овие средби се дел од „обидите од страна на Русија да се користи Православната црква како инструмент на агресивна надворешна политика“. Тие предупредиле дека и Московската патријаршија и Руската задгранична црква „дејствуваат како продолжена рака на руската држава“, што претставува сериозна закана за верската слобода и безбедноста.

Во соопштението се упатува „искрена благодарност“ до конгресменот Џо Вилсон, кој јавно ги осуди дејствијата на Московската патријаршија и ја нагласи тешката положба на Православната црква на Украина, истакнувајќи дека „Руската православна црква не е независна религиозна институција, туку продолжение на руската држава.“

Архонтите потсетуваат дека Вселенскиот патријарх Вартоломеј „со години го алармира светот за опасностите од руското политичко влијание врз православието“.

Архонтите на крајот упатиле итен повик:

„Ги повикуваме американските власти да ги откажат средбите со лица кои дејствуваат како агенти на руската држава и да ја изразат својата солидарност со страдалниот украински народ и канонската Православна црква на Украина.“

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Заедничка прослава на Света Гора на светителот канонизиран од Вселенската патријаршија на барање на Романската црква

Делегација на Романската Патријаршија оваа недела учествувала во прославата во манастирот Ватопед на Света Гора, по повод првото...

Патријархот Порфириј му го честитал именденот на патријархот Кирил, кој молитвено го прославил својот 79-ти роденден во Переделкино

Патријархот Порфириј упатил топла и братска честитка до рускиот патријарх Кирил по повод неговиот 79-ти роденден. Во честитката...

Папата Лав XIV: Мигрантите мора да се третираат со достоинство – неопходно е примирје во Украина и почит кон верската слобода во Нигерија

За време на разговор со новинари во Кастел Гандолфо, Папата Лав XIV испратил низа силни пораки поврзани со...

Бугарски манастир во Германија повикува на итни донации за довршување на кровната конструкција

Манастирот „Св. Троица“, под jуриздикција на Бугарската православна црква и во Бухахен, Германија, уште еднаш упати јавен апел...