Ураинската служба за безбедност поднесе обвинение против „главниот воен свештеник“ на Русија за пропаганда и поддршка на агресијата

Date:

Share post:

Украинската служба за безбедност (СБУ) соопшти дека поднела обвинение во отсуство против Дмитриј Василенков, висок претставник на Руската православна црква и заменик-раководител на синодалниот оддел за соработка со вооружените сили на Руската Федерација. Според СБУ, Василенков активно ги благословувал руските воени сили и ја оправдувал агресијата против Украина.

Според собраните докази, свештеникот „јавно ја поддржувал вооружената инвазија на Русија, ширел пропагандни наративи и ги оправдувал воените злосторства извршени врз украински цивили“. Во април 2023 година, патријархот Кирил го назначил Василенков за „главен воен свештеник“ на руската армија — позиција преку која тој организирал ширење на идеологијата на „рускиот свет“ меѓу војниците.

СБУ наведува дека Василенков спроведувал и специјални курсеви за идеолошка обука, наменети за воениот персонал и окупациските структури, со цел зацврстување на проруската идеологија во завземените територии.

Според истрагата, од 2014 година тој извршил околу 60 патувања на привремено окупираните територии во Донецк и Луганск, каде лично ги „благословувал“ руските сили за учество во војната. Освен тоа, учествувал и во активности за привлекување свештеници од Украинската Православна Црква (МП) на страната на окупаторскиот режим.

СБУ истакнува дека спроведената судско-лингвистичка експертиза ги потврдила доказите за неговата информациска, идеолошка и суберзивна работа во интерес на Кремљ.На основа на собраните докази, Василенков е обвинет за две кривични дела: чл. 436 – воена пропаганда и чл. 436-2, став 3 – оправдување и негирање на руската агресија, како и величење на нејзините извршители преку медиумите.

Бидејќи обвинетиот се наоѓа на територијата на Руската Федерација, украинските власти преземаат мерки за негово меѓународно гонење и изведување пред правдата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Заедничка прослава на Света Гора на светителот канонизиран од Вселенската патријаршија на барање на Романската црква

Делегација на Романската Патријаршија оваа недела учествувала во прославата во манастирот Ватопед на Света Гора, по повод првото...

Патријархот Порфириј му го честитал именденот на патријархот Кирил, кој молитвено го прославил својот 79-ти роденден во Переделкино

Патријархот Порфириј упатил топла и братска честитка до рускиот патријарх Кирил по повод неговиот 79-ти роденден. Во честитката...

Папата Лав XIV: Мигрантите мора да се третираат со достоинство – неопходно е примирје во Украина и почит кон верската слобода во Нигерија

За време на разговор со новинари во Кастел Гандолфо, Папата Лав XIV испратил низа силни пораки поврзани со...

Бугарски манастир во Германија повикува на итни донации за довршување на кровната конструкција

Манастирот „Св. Троица“, под jуриздикција на Бугарската православна црква и во Бухахен, Германија, уште еднаш упати јавен апел...