Анализа: Молитвата среде дигиталниот шум – пат кон свесност во време на брдо информации

Date:

Share post:

Современиот човек живее во постојана бура од информации. Тој се буди со нотификации, заспива со светлинатаод екранот, а во текот на денот мислите му се прекинати стотици пати – често без да го забележи тоа. Од православен и духовнички аспект, ова претставува ново поле на борба, која древните отци ја познавале, но во поинакви форми: борба за здобивање на вниманието (концентрацијата), за тишината на срцето и за зачувување на умот од расејувањее. Светите отци учат дека „умот што лута“ е најголемата пречка за молитвата. Во дигиталната ера, ова „лутење“ станува речиси институционализирано – технологијата е дизајнирана да го задржи вниманието, да го стимулира, па дури и да го прекинува. Оваа состојба во духовната традиција се „дијагностицира“ како страст на растројство, а во контекст на зависноста од дигиталните форми, нејзините симптоми се дефинираат како:

  • проверување телефон без причина,
  • мисли кои скокаат од тема на тема,
  • неспособност да останеме во тишина,
  • непрестано барање нова содржина.

Денес, во овој многу гласен дигитален свет, тишината како да стана подвиг, стана потреба и барање, односно желба на мнозина од луѓето.

Прашањето што се поставува е: што е молитвата во денешно време кога умот е постојано преоптоварен? За православниот христијанин, молитвата не е само механичко повторување зборови, туку живо општење со Бога — „молитва на срцето“. Ако порано главните искушенијадоаѓаа преку „класичните страсти“, световните грижи, разговорите со другиот, надворешните влијанија, во дигиталната ера денес се додаваат нови искушенија кои доаѓаат преку екранот, кликот, звукот за нотификација, „информацискиот вишок“ (постојаната достапност на содржини) и сè потешката можност за фокусирање на вниманието. Свети Игнатиј Брија­нчанинов укажува на тоа дека „расејаниот ум кој скока од едно на друго“ – не може да се посвети на целта на христијанскиот живот, на спасението. Во современата реалност, тоа значи дека апликацијата, објавата, нотификацијата стануваат пречка за длабока и искрена молитва. Значи умот мора да научи дека постои „свето време“. Време во кое треба да се посвети на молитвата. Ете, конкретно молитвата „Господи Исусе Христе, помилуј ме“ е лек против расејување – една  реченица го собира умот, го центрира срцето. Потребно е да се знае дека не постои совршена атмосфера“ за молитва, туку потребна наша мала иницијатива, мал напор на волјата и тронка внимание, придружено со познание на својата немоќ, на својата грешност: „Господи, еве ме, иако сум слаб.“ Според свети Порфириј: „Молитвата не чека тишина во собата — туку тишина во срцето“.

Мобилниот телефон и др. технички средства не треба да станат „врата кон светот на суетата“, туку „прозорец кон духовното“. А многу е очигледно дека технологијата го засилува она што веќе постои во човекот: суетата, љубопитноста, гордоста, зависта, желба за пофалби, среброљубието, блудната страст и др. Во овој случај, ние сами го правиме изборот – дали дигиталниот шум ќе ни ја одземе иднината, или ќе ги постави темелите на поголема и поконкретна христијанска свесност.

Сепак, Црквата не зазема крајно негативен став кон технологијата – напротив, нуди рамка како да ја користиме мудро. Така, во православниот простор по социјалните мрежи се повеќе се забележуваат примери на аудио-молитви, апликации со црковен календар, па дури и онлајн богослужби. Но, сепак, постојано се нагласувапредупредувањето дека „апликацијата не може да го замени вистинското лично присутност“ и дека „онлајн гледањето не треба да се претвори во пасивна забава“.

Православната аскетска традиција нуди многу алатки што денес стануваат поактуелни од кога било. Она што таа го советува е т.н. „дигитален пост“ – зашто, според свети Теофан Затворник, „умот станува она што го јаде“, па затоа ако го „храниме“ само со информации, ќе стане нестабилен. Црквата дава конкретни препораки: ограничување на времето поминато пред екран, исклучување на нотификациите, ден без интернет, користење исклучиво на апликации што имаат некаква намена, како и ползување на времето за молитва, читање на СветотоПисмо и за правење дела на милосрдие, наместо поминување на истото на интернет. Некои свештеници даваат и конкретни практични совети за тоа како да се контролира желбата за присуство на социјалните мрежи: 1. Проверете колку време дневно поминувате помеѓу нотификациите и пред екраните – може да е поважно отколку што мислите; 2. одредете време кога намерно ќе го исклучите телефонот и ќе се повлечете кна молитва или читање; 3. претворете ги апликациите во сервиси на верата – не да ја заменуваат живата Црква, туку да ја поддржуваат.

Зошто ова е важна тема за современиот православен верник?

Во време кога технологијата нѐ поврзува со светот, истовремено таа може да нѐ одвои од внатрешниот мир и од живото општење со Бога. Свети Исаак Сирин вели дека „срцето што не умее да молчи, не може да Го слушне Бога.“Впрочем, Црквата не се залага да се отфрли технолошкиот напредок, туку да се осознаат и контролираат неговите влијанија врз духовниот живот. За православниот христијанин, способноста за сконцентриранамолитва и постојана тежнеење, вклучително и со умот и со помислите, кон Бога – останува неизменлива потреба, а очигледно – со доминацијата на технологијата – станува и современ подвиг. Како што подвижниците некогаш бегаа во пустината за да го зачуваат мирот, така денешниот човек треба да создаде „внатрешна пустина“ во ерата на технолошка доминација со севкупноста на човекот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Папата Лав XIV преку видео порака до Конференција во Бразил: Ние сме чувари на созданието, а не конкуренти во неговото искористување

На маргините на конференцијата COP30, којашто се оддржува во Бразил, папата Лав XIV испратил видео порака до бискупите...

Во Софија одржана Национална конференција на наставниците по религија: Потребни системски решенија за предметот во училиштата

Од 14 до 16 ноември, 78. средно училиште „Христо Смирненски“ во Банкја било домаќин на Националната конференција на...

Американски конгресмени бараат истрага: Руски разузнавачки служби можеби користат православни цркви во САД

Група републикански пратеници од Претставничкиот дом на САД упатиле писмо до американската државна обвинителка Пам Бонди со барање...

„Не може да се замисли дека сите ние одамна веруваме во Бога“

Влaдимир Легојда, претседател на Синодалниот оддел за односи со општеството и медиумите при Руска православна црква, во интервју...