Папата Лав XIV преку видео порака до Конференција во Бразил: Ние сме чувари на созданието, а не конкуренти во неговото искористување

Date:

Share post:

На маргините на конференцијата COP30, којашто се оддржува во Бразил, папата Лав XIV испратил видео порака до бискупите и кардиналите од земјите на Глобалниот Југ, охрабрувајќи ги да ја пренесуваат заедничката порака за заштита на природата и на човечкото достоинство.

Во својата порака, Папата истакнал дека „созданието (природата Божја) зборува“ преку поплави, суши, невремиња и неподносливи горештини, истовремено предупредувајќи дека „една третина од светската популацијаживее е погодена поради климатските промени“.  Тој додал дека според Договорот од Париз, што го опишал како најсилна алатка за заштита на човештвото и светот, е направен напредок, но дека „не е Договорот тој што не успева, ние не успеваме во нашиот одговор. Она што не успева е политичката волја на некои. „Како управители на Божјото создание, повикани сме брзо да дејствуваме, со вера и пророштво, за да го заштитиме дарот што ни го довери Бог“, додал Папата.

Тој ја нагласил улогата на Католичката црква како „чувар на творештвото, а не ривал за придобивките од него“ и апелирал на глобална солидарност во спроведување на  реални акциски мерки против климатските промени.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Во Софија одржана Национална конференција на наставниците по религија: Потребни системски решенија за предметот во училиштата

Од 14 до 16 ноември, 78. средно училиште „Христо Смирненски“ во Банкја било домаќин на Националната конференција на...

Американски конгресмени бараат истрага: Руски разузнавачки служби можеби користат православни цркви во САД

Група републикански пратеници од Претставничкиот дом на САД упатиле писмо до американската државна обвинителка Пам Бонди со барање...

„Не може да се замисли дека сите ние одамна веруваме во Бога“

Влaдимир Легојда, претседател на Синодалниот оддел за односи со општеството и медиумите при Руска православна црква, во интервју...

Конфликт во Црквата во Абхазија: свештеник бара исфрлање на друг свештеник од манастир

Во Абхазија, постоечкиот конфликт меѓу водечките структури на Православната црква се продлабочува — водачот на Православната црква на...