Владиката Кирил од Вселенската патријаршија го посети митрополитот Георгиј во Охрид

Date:

Share post:

Дебарско-кичевскиот митрополит Георгиј ја имал првата средба со владика на Вселенската патријаршија. Георгиј бил домаќин на Митрополитот на Имврос и Тенедос, Кирил во неговата резиденција во Охрид,

Епархијата ја обави веста за посетата, сподели фотографија, но не прецизира детали за што е разговарано.

-Во просториите на Дебарско-кичевската епархија, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот г. Георгиј, го прими г. Кирил, Митрополитот на Имврос и Тенедос, кој со група поклоници од својата епархија го посети Охрид, стои во соопштението.

Митрополитот Кирил, повторно е во Македонија и денеска ќе служи за Свети Георги во манастирот во Рајчица. Бигорски претходно објави дека неговото служење е со благослов на Митрополитот Георгиј.

Кирил од Имврос е еден од владиците на Вселенската патријаршија, кој има пријателски однос кон МПЦ-ОА и практично е задолжен за комуникацијата со МПЦ-ОА. Дали оваа негова нова посета навестува некои нови односи во Фанар, кои извесен период се прекинати, ќе покаже времето.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Во Волос се одржал Вториот музички симпозиум на црковни псалтки

Во првите денови од ноември во грчкиот град Волос се одржал Вториот музички симпозиум на тема „Жените и...

Тешка финансиска криза во Православната црква во Чешка: свештениците без плати, без осигурување и пред ризик од губење на црковните права

Православната црква во Чешка се соочува со најтешката финансиска криза во својата поновa историја. Според истражување на чешкиот...

Кејт Бланшет, Спајк Ли и Лесли Ман во Ватикан: холивудски ѕвезди на посебна средба со Папата Лав XIV

Холивудските актери Кејт Бланшет, Спајк Ли и Лесли Ман присуствувале на специјална средба во Ватикан, организирана за филмските...

Религиско образование за младите – но дали им е потребно и на возрасните?

Возрасните се најгласни кога зборуваат за верата – но статистички и духовно, најмалку ја познаваат. Воведувањето на религиско...