Земјотрес со помал интензитет од 3,5 степени по Рихтер бил регистриран кратко по полноќ во морското подрачје неколку километри западно од Кареја, административниот центар на Света Гора – Атон. Според сеизмографската станица при Аристотелов Универзитет – Солун, потресот имал длабочина од околу 6 км. Десет минути подоцна следувал втор, помал потрес од 2,5 степени на длабочина од 7 км во близина на манастирот „Св. Пантелејмон“.
Иако засега нема пријавено штети или повреди, земјотресите не се непознати за регионот — и сеизмолозите ја предупредуваат јавноста дека оваа област има историја на силни потреси, и тоа:
- Во ноември 1905 година, на Атонскиот полуостров бил регистриран земјотрес со јачина од 7,5 степени, што предизвикал значителна штета, особено на манастирите, а предизвикал и цунами.
- На 7 јуни 2025 година, земјотрес од 5,3 степени го погодил регионот; при што манастирите како Ксенофонти Манастир Дохијар претрпеле сериозни структурни оштетувања — пукнатини во куполи, оштетени фрески и сл.
- Според сеизмолози, од почетокот на 2024 година се забележани над 1.000 потреси во областа, од кои десетина биле со јачина над 4,0 степени, што укажува на активирање на нова подводна активност во близина на Атон.
Објектите на Света Гора, кои имаат вековна традиција и се под заштита како културно наследство, се изложени на ризик од понатамошни штети. Министерството за култура на Грција веќе најави дека ќе ги засили реставрационите активности за манастирите во Атон.

