Реконструкција на црква во Естонија затворена во времето на советската власт

Date:

Share post:

Во северна Естонија, ентузијастот и долгогодишен љубител на црковната архитектура, Маргус Тамемее, го купил храмот-руината во селото Синалепа, Естонија, посветен на свети Никола, изграден во 1896 година, со цел да гореставрира и да му даде некаква функција, реализирајќи ја на тој начин својата страст кон културното наследство.

Црквата, која била осветена на 10 септември 1896 година, функционирала до 1962 година кога била затворена од советските власти и пренаменета за објект на локалниот државен земјоделски комбинат („совхоз“).

„Се фасцинирам од цркви веќе децении. Кога патувам, ја посетувам секоја црква покрај патот. Во последните години дури се осмелив да кажам и дека би сакал да поседувам црква — но никогаш не сум верувал дека тоа навистина ќе се случи во овој живот“, изјавил Тамемее.

Откако ја купил парцелата − која вклучувала стара училишна зграда и штала користена од селаните − тој вложил цела година во чистење и расчистување на објектите.

Историчарот на уметност и реставратор Јухан Килуметс предупреди дека „руината“ бара огромна посветеност, време и средства: „Првиот чекор е документирање на состојбата. Потоа следува обезбедување на руината. Само потоа, ако има енергија и пари, може да се почне со вистинската реставрација.“

Тамемее веќе планира следна сезона да го отвори објектот за културни настани – концерти, претстави, гала вечери– додека постепено работи на проектот.

Оваа иницијатива претставува пример за тоа како старите верски објекти, иако оставени во распаѓање, можат да добијат нов смисла преку приватна заложба.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Холивудските ѕвезди кај папата

Во рамките на прославата на јубилејот на Римокатоличката црква, кој се одржува на секои 25 години, папата Лав...

Бискупот Киро Стојанов се сретна со папата

Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх Киро Стојанов, учествувал на генералната аудиенција, што на плоштадот Свети Петар во Ватикан...

Вероучителите во Србија изедначени со другите наставници

Со последните измени и дополнувања на Законот за образование, статусот на наставниците по верска настава е изедначен со...

Нови апсења по обидот за атентат врз митрополитот на Крим, Тихон (Шевкунов)

Руските безбедносни служби спровеле претреси во Москва, Псковската област и на Крим, во рамки на истрагата за наводниот...