Турист го оскверни олтарот во Базиликата Свети Петар – папата нареди обред на реставрација

Date:

Share post:

Во Ватикан е регистриран сериозен инцидент откако еден турист го осквернил олтарот на Исповедта во срцето на Базиликата Свети Петар, еден од најсветите делови на католичката црква.

Според извори од Ватикан, мажот ја пробил безбедносната ограда која го одделува просторот наменет исклучиво за свечени литургии и извршил тежок чин пред десетици верници. Олтарот се наоѓа директно над гробот на Свети Петар и, според традицијата, само папата може да ја служи евхаристијата на тоа место.

Туристот, чиј идентитет и државјанство не се објавени, се соблекол гол и се обидел да уринира врз олтарот, но бил веднаш спречен благодарение на брзата интервенција на Ватиканската жандармерија. Тој е приведен и задржан во полициските простории, а се чека одлука дали ќе биде изгнаен во Италија или екстрадиран во земјата од која потекнува.

Реакција на Ватикан

Сериозноста на настанот длабоко го вознемирила папата Лав XIV, кој, според внатрешни извори, изразил големо незадоволство во разговор со кардинал Мауро Гамбетти, протојереј на Базиликата Свети Петар.

Папата веднаш наложил одржување на покajнички и репарациски обред во согласност со церемонијалните прописи на Ceremoniale Episcoporum што се применуваат во случаи на тешка профанација.

За време на обредот, Базиликата била привремено затворена за јавноста, а литургијата вклучувала покајничка процесија од најблиската црква, читање на псалми и молитви за прочистување, како и попрскување на олтарот и централната лаѓа со света водица.

Целта на овој чин, како што соопшти Ватикан, била повторно воспоставување на светоста на местото и утеха за верниците кои биле длабоко потресени од настанот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

Балканот повторно се наоѓа на крстосница меѓу вистината и манипулацијата, демократијата и авторитаризмот. Како што се приближуват изборите...

Најдолгото гласачко ливче половина метар

Најдолгото гласачко ливче на овие избори е половина метар, откри директорот на печатницата „Киро Дандаро“, каде се печатеше...

ДИК: Одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите, прифатени три приговори од гласачи

Државната изборна комисија денеска прифати уште три од вкупно четири пристигнати приговори од гласачи. Прифатени се два приговори...

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител во недела (19 октомври) на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните...