Со благослов на Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г.г. Стефан и во текот на новото 2025 лето Господово продолжува започнатата едиција на часови по Православна веронаука во храмот „Св. Пророк Илија“ во скопската населба Аеродром.
Часовите се одржуваат секоја среда со почеток во 18 часот, во помошните административни простории при храмот. Во текот на месец октомври предвидени се следните предавања:
15 октомври (среда): Смисла и цел на молитвата
Учењето на Господа Исуса Христа: Приказната за пченицата и каколот (Матеј 13, 24-30);
Читање и толкување на Новиот завет – 6 глава од Евангелието според Марко.
22 октомври (среда): Господовата молитва „Оче наш“
Учењето на Господа Исуса Христа: Приказна за милостивиот самарјанин (Лука 10, 25-37);
Читање и толкување на Новиот завет – 7 глава од Евангелието според Марко.
29 октомври (среда): Толкување на Господовата молитва „Оче наш“ – 1 дел
Учењето на Господа Исуса Христа: Приказаната за блудниот син (Лука 15, 11-32);
Читање и толкување на Новиот завет – 8 глава од Евангелието според Марко.
/литургија.мк