Верски календар: 26 февруари
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Александар
Денешниот заштитник е Св. Александар, александриски патријарх. Бил роден во третиот век, околу 250 година во горен Египет. Од дете бил многу побожен, а како свештеник го доживеал крвавиот прогон на христијаните. За Патријарх е избран 313 година. Пријател на сиромасите, познат по својата добродушност, Александар одиграл голема улога на Соборот во Никеа во 325 година, кога е потврдена неговата власт над Египет. Умрел во 328 година.