Храмот Света Злата Мегленска во Сарај по 31 година од почетокот на градбата, викенов беше осветен.
Чинот на осветување го изврши Архиепископот Стефан, во сослужение со Митрополитот Георгиј.
Овој храм почна да се гради во 1996 година, но по 15 години беше стопирана неговата изградба. Официјалната причина беше финансиски проблеми. Храмот на два пати беше ограбуван. Првиот пат во 2017 година, а вториот пат во 2017, кога беше украдено црковно ѕвоно, тешко 160 килограми.










