Заедничка линија за „автокефалијата“ на Белград и Скопје

Date:

Share post:

Грчаката новинска агенција, „ортодоксњузагенси“ објави анализа за релациите на МПЦ-ОА и СПЦ, по последните настани во Вашингтон. Во продолжение ја пренесуваме целосната анализа.

Белград и Скопје продолжуваат да ја изразуваат својата реторика во врска со „автокефалијата“ на Охридската Архиепископија

Овој пат, Патријархот српски г. г. Порфириј во своето послание кое го испрати на Научната конференција „Балкански монашки светови – Дијалози за монаштвото, теологијата и културата“, што се одржува во Манастирот Водоча кај Струмица, откако ја изрази својата радост за одржувањето на конференцијата, нагласи дека „таа претставува еден од првите зрели плодови на соработката што произлезе од големиот и историски настан – доделувањето на Томосот за автокефалија на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија“.

„Оваа одлука (заб. дод. доделување на автокефалијата), која ја излекува една децениска рана, сведочи за единството на Христовата Црква, кое се остварува во љубов и вистина. Тие први плодови на единството никнуваат, се развиваат и донесуваат плод – не само литургиски и во духовна собранoст, туку и во едно заедничко научно и културно дело, кое токму оваа конференција го претставува. Со својата тема и значење таа сведочи дека нашата соборност не е само формална, туку се изразува во креативноста, заедничкиот напор и сведоштвото“, додаде, меѓу другото, во своето послание – коешто го прочита Преосветениот Епископ Моравички г. Тихон – Поглаварот на Српската црква.

Признавање на „автокефалијата“ во Вашингтон

Кормилар на ставот и насоката на Помесната црква во Скопје е Архиепископот Охридски г. Стефан, кој, и покрај првичните ветувања дадени кон Првопрестолната Црква на Константинопол дека ќе работи за Томосот за автокефалија што поскоро да дојде од Фанар, во многу наврати отстапи, со што дојде до ќорсокак во однос на признавањето во сеправославниот свет на „автокефалијата“ од Српската црква.

Карактеристичен пример на тој менталитет што се негува во Скопје е неодамнешното сослужување во Вашингтон на Архиепископот г. Стефан со Архиепископот во Америка и Канада г. Тихон, при што вториот ја „призна“ „автокефалијата“ на „Македонската Православна Црква –Охридска Архиепископија“. Во суштина, сепак, станува збор за една евхаристиска средба меѓу двајца архиепископи кои немаат добиено „автокефалија“, бидејќи Православната Црква во Америка се претставува како „автокефална“ со „автокефалија“ добиена од Московската патријаршија, а Охридската Архиепископија со „автокефалија“ добиена од Српската црква. Но ниту една од двете Цркви нема добиено Томос за автокефалија од Вселенската патријаршија.

Сепак, вреди да се напомене дека во своето обраќање Архиепископот Тихон на сите места зборуваше за „автокефалија на Македонската Православна Црква“, целосно изоставувајќи ја референцата на Охридска Архиепископија.

Архиепископ Стефан: „Меѓу Србите се чувствувам како Србин“

По посетата на Вашингтон, Архиепископот г. Стефан отпатува во Канада. Таму ја посети Светата Обител Преображение Христово во Милтон, каде беше пречекан од Неговото Високопреосвештенство, Архиепископот Торонтски и Митрополит Канадски г. Митрофан (Српска патријаршија), како и од „сите свештеници на Американско-канадската епархија на Македонската Православна Црква –Охридска Архиепископија во Канада“.

Високопреосвештениот г. Митрофан ја истакна историската улога на Светата Обител во Милтон како бастион на православието во Канада, не само за српската заедница, туку и за сите православни народи. Благословувајќи ги сите присутни, Архиепископот г. Стефан се осврна на поблиските односи меѓу двете сестрински Цркви, Српската и Скопската, нагласувајќи дека меѓу Србите се чувствува како и самиот да е Србин.

Пишува: Наиколаос Заими/ orthodoxianewsagency.gr

1 COMMENT

  1. Грците немаат како инаку да се чуваат од процесите што надојдоа и им ги струпаа на глава долговековните валканици со чија помош последните стотина години неосновано доминираат со јурисдикции во разни апсолутно негрчки историско-цивилизациски комплекси. Но, водата си го наоѓа патот. Реките на благодатта Божја исто така. Значи, Грците не можат да се спасат од злото што го генерирале самите. Рекле вака, напишале така, ама попусто им било. Никој никогаш не Го надмудрил Господ, ете и Грците залудно се трудеа.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Романскиот Патријарх: Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I претставува силно сведоштво за единството на Православието

Во говор по повод осветувањето на надворешната фасада и мозаиците на Катедралата Народно Спасение во Букурешт, Даниел, Патријархот...

Орбан на средба со Папата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи...

Скандинавските цркви во поддршка на Украина и правата на децата

Северноевропските црковни водачи упатија силен апел за враќање на украинските деца насилно однесени во Русија и одобрија финансиска...

Д-р Трајановски со план за Аеродром: чиста, безбедна и достоинствена општина

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ, ја претстави својата програма како план за „современа...