Епархиско собрание на Австралиско-сиднејската епархија

Date:

Share post:

Свештенството и членовите на црковните одбори на Австралиско-синдејската епархија го одржа епархиското собрание со благослов на Архиепископот Стефан, како администратор на оваа епархија.

На 02. 09. 2025 година во Рокдејл, Сиднеј епархиското собраниел донело значајни одлуки за Епархијата.

Пред почетокот на работниот дел на собранието во храмот „Света Петка“ во присуство на сите делегати од парохиските храмови при епархијата, чесното свештенство отслужи Молебен, а потоа и Помен за блаженоупокоениот Митрополит Тимотеј. На овогодинешното собрание присуствуваа над 40 делегати, кои според дневниот ред, донесоа значајни одлуки за функционирањето на Епархијата и за напредок на црковниот живот на македонскиот народ. Собранието го разгледа и прифати финансискиот извештај на Епархијата, беа избрани нови членови на телата и органите на Епархијата, а беа разгледани и повеќе прашања од животот на Епархијата. Епархиското собрание заврши во братска атмосфера, исполнета со чувство на заедништво и духовна радост, а присутните го посведочија живото присуство на Светиот Дух, Кој ги раководи и обединува сите членови на Црквата, стои во соопштението од епархијата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Одбележани 10 години од осветувањето на црквата во Кавадарци

Архиепископот Стефан и уште четворица владици на МПЦ-ОА сослужуваа на денот на Света Петка во црквата во Кавадарци....

Партениј служеше во црквата во Дебар

Дебарчани и годинава се собраа во градската црква Света Петка за да го одбележат празникот и возобновената традиција...

Романскиот Патријарх: Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I претставува силно сведоштво за единството на Православието

Во говор по повод осветувањето на надворешната фасада и мозаиците на Катедралата Народно Спасение во Букурешт, Даниел, Патријархот...

Орбан на средба со Папата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи...