Вукашин Миличевиќ и Благоја Пантелиќ се двајца српски политички аналитичари, теолози по профрсија. Миличевиќ е поранешен свештеник на СПЦ, а Пантелиќ никогаш досега немал свештенички чин. И двацата деновиве се најдоа пред црковниот суд на СПЦ, поради јавни критички ставови за улогата на СПЦ, а посебно на патријархот Порфириј во политичката криза во Србија.
Српскиот патријарх решил да не трип јавни критики и различните мислења да ги решава преку црковен суд. Идентично како што пред една година се обиде МПЦ-ОА, преку Синодот, да го запре критичкото пишување на Религија.мк, со тоа што отвори црковно-судска постапка за главниот и одговорен уредник, така и Порфириј смета дека ќе го сопре критичкиот бран портив него и СПЦ, кој станува се погласен во Србија, откако Патријархот и дел од владиците застанаа во одбрана на режимот на Александар Вучиќ. За воља на вистината, огромен дел од свештенството на СПЦ и дел владици, имаат спротивни ставови од поглаварот, но најверојатно и нив ги чека истата судбина како овие двајца теолози.
Пантелиќ денеска беше на сослушување во Патријаршијата во Белград, по што изјави дека очекува оти Патријархот нема да покрене црковно-обвинителски процес, иако според прашањата на црковните обвинители, било јасно дека тие се во насока на обвинение.
Вчера пак на сослушување беше Миличевиќ, кој по напуштањето на Патријаршијата изјави дека очекува оти СПЦ ќе го исклучи од црквата поради неговите јавни настапи.
„За среќа, времињата кога одлуките на таквите судови доведуваа до клада и слични работи се минато, така што тоа не можат да ми го направат – не можат да запалат клада пред Храмот Свети Сава. Веројатно тоа би бил добар перформанс за инаугурацијата на новиот плоштад, но за жал тоа не може да се случи, така што не можат ништо да ми направат. Јавноста многу добро знае дека постојат епископи педофили, свештеници силувачи, постојат луѓе кои ја имаат ограбено црковната имовина, и ниту еден од нив не е екскомунициран“, изјави неодамна Вукашин Милиќевиќ.
Пантелиќ пак веќе добил забрана за причестување, иако вели дека ниту знале за такво нешто.
-Постапката што е покрената против мене претставува сериозно отстапување од канонскиот и преданискиот поредок на Српската Православна Црква. Казната за одлачување од Светата Причест беше изречена пред да се одржи какво било сослушување, пред да ми биде доставено обвинението, без повик за одбрана и без можност за сведочење — што е спротивно на најосновните начела на човечката и христијанската правда, како и на канонската традиција, вели Пантелиќ.
Српската јавност го зеде на критика патријархот Порфириј по неговата посета на Москва, каде на средбата со Рускиот Патријарх Кирил жестоко ги обвини студентите кавлификувајќи ги како западни платеници. Видеото од разговорот излезе во јавноста откако Руската црква и руската држава го објавија, а од него јасно се гледа дека Порфириј и не бил свесен дека разговорот се снима.
За да се одлачи некој од Светата Причест не е потребен црковен суд. Тоа е честа практика за поттикнување покајание (духовен напредок) дури и кај активни верници со длабок и автентичен подвиг (процес на духовно растење, на очистување на срцето од страстите). Но, кога луѓе без сериозен конкретен христијански духовен живот ќе станат некакви јавни аналитичари на подвигот на архиереите, на црковните практики, меѓуцрковните процеси итн., па ќе си дадат за право дури и да ги толкуваат каноните, па и содржината на пастирските методи (без оглед дали имаат контакти со црковни клирици, монаси итн., и колку се поучувани од нив, а со оглед дека со двете нозе длабоко чекорат во светската тиња од која никогаш не се ни обиделе лично да излезат, и секако не достигнале духовен раст и дар на расудување неопходен за улогата што се обидуваат да ја одиграат), кога значи таквите јавно ќе бидат замолени да не пристапуваат кон најнепосредно учество во најтенкосетната и најсеопфатна дејствителна светотаинска даденост, Светост (Светата Причест) на истата Таа Црква Чија моментална светост самите ја ставаат под големо прашање (па наводно дури и ја чуваат и бранат), е тогаш се случува отворено нивно лично сведоштво за нивната духовна состојба. Ако тоа сведоштво е гест на смирение, преобразбата којашто божем тежнеат да ја видат во Црквата има надеж да се случи, но ако е уште поразјарено, подеструктивно дивеење по нервите на нивната публика, може да доживеат само лична и штета за каузата за која наводно се борат. Тоа се онтолошки дадености, евангелски откровенија, не пишани, мртви човечки правила. Ако некој војува наспроти тие правила, залудно трча, венец не добива (сп. 2 Тим. 2 – 5), итн. Почитувајте го Патријархот Порфириј, има исклучително здрава духовна конфигурација од сите аспекти гледано. Господ нека и’ е на помош и на братска Србија во оваа хибридна војна против нејзините општествени темели. Не постои совршен премиер ниту совршена општествена власт (секоја власт има потреба од самоизградување, восовршување, очистување од слабостите итн. и родољубивите властодршци обично имаат развиено уво за забелешките и предлозите на нивните критичари, се обидуваат креативно да одговорат на слабостите и кризите) но не секоја револуција и секој бунт е добронамерен и уште помалку доброисходен. Бог нека не’ чува сите од злонамерни и насилни државни преврати. Ако граѓанските движења се насочуваат просто кон уривање на власта, никогаш никој нема да доживее напредок и спокој, најмалку благосостојба. Таквите барања од страна на граѓанските движења обично се индикатор за нивната неартикулираност, неразвиеност и неосмисленост. Со такво ниско ниво на самосвест лесно стануваат алатка во раце на внатрешни и надворешни непријателски сили. А оној кој постојано во текот на долг период протестира нема време и сила да се погледне и восоврши себеси, да ги изнајде вистинските решенија за проблемите кои сака да бидат решени. Не треба да си експерт за да сфатиш дека српските демонстранти веќе подолго време имаат деструктивни намери и однесување.