Владиката Петар забрани Фејсбук, Инстаграм и Х за свештеници од неговата епархија

Date:

Share post:

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар им забрани на свештениците од неговата епархија да поседуваат профили на социјалните мрежи. Денеска издал наредба со која забранува користење социјални медиуми, а истовремено за непослишните најавува санкции.

Во документот што стаса до редакцијата на Рделигија.мк, потпишан е владиката Петар, а во образложението за забраната е наведено дека личните ставови што се почесто ги иснесувале свештеници на епархијата можеле да се толкуваат како официјални ставови на епархијата, односно на МПЦ-ОА и затоа треба да се забрани користењето на социјалните мрежи.

-Поради се позчестеното изнесување ставови, мислења и коментари на социјалните мрежи, од страна на свештени лица од нашата епархија, за теми кои што се надвор од црковно-пастирскиот живот, а се однесуваат на дневно-политички настани и случувања, кои би можеле да се толкуваат како официјален став на Преспанско-пелагониската епархија, односно на МПЦ-ОА забрануваме на сите свештени лица од ППЕ да поседуваат сопствени профили на Фејсбук, Инстаграм, Х и слично, или пак да поседуваат профили под друго (лажно) име. Секое непочитување на оваа наредба ќе биде соодветно санкционирано. Оваа наредба стапува на сила веднаш по нејзиното донесување, стои во наредбата, потпишана на 15 07 2025 година.

Ваков обид да се забрани користење на социјалните медиуми, по иницијатива на Петар, преку синодот на МПЦ-ОА имаше и пред десетина години, но поради реакциите на јавноста таа беше повлечена.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...