Новоизбраниот митрополит Дебарско-кичевски Георгиј е дел од редовната придружба на Архиепископот Стефан, на негиовите работни состаноци измиативе денови. Кабинетот на Архиепископот објави две средби, на кои присуствувал и Митрополитот Георгиј.
Едната средба е со советникот за верски прашања на Франција , Жан-Кристоф Посел, за која нема детали за што е разговарано.
Другата средба е организатори на хуманитарен настан за собирање средства за Детската клиника во Скопје.
На 18.6.2025 г., Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во својот кабинет, оствари средба со сопругата на Словачкиот Амбасадор, г-ѓа Жанета Маркуш, г-ѓа Елена Бегова и г. Антонио Пандовски. На средбата, на којашто присуствуваше и отец Георгиј (Ѓорѓевски), новоизбраниот Митрополит Дебарско-кичевски, гостите побараа и добија благослов од Неговото Блаженство за остварување на еден исклучителен хуманитарен подвиг. Имено, поткрепен од фондацијата „Ице Бегов“ и од Словачката амбасада во Македонија, г. Пандовски на 2 јули 2025 година ќе започне ултрамаратон од Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ до манастирот „Свети Василије Острошки“ во Црна Гора. Целта на овој хуманитарен подвиг е собирање на средства за набавување на современи апарати и опрема за Детската клиника во Скопје. Заблагодарувајќи им се на организаторите за поддршката на овој исклучително хуман подвиг и давајќи го својот благослов на г. Антонио Пандовски, Архиепископот изрази надеж дека уште бројни организации и личности ќе се вклучат во собирањето на прекупотребните средства за на нашите најмали да им се овозможат најдобри услови за успешно лекување и безгрижно растење, стои о соопштението на Кабинетот на архиепископот

