Нов архимандрит доби Македонската православна црква – Охридска архиепископија во ликот на досегашниот игумен на манастирот „Свети Пантелејмон“ во скопско Нерези Агатон (Апостоловски).
-Чинот на ракопроизведување е извршен вчера во манастирската црква „Свети великомаченик Георгиј“ во Криви дол, Скопје од страна на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. На Божествената литургија учествуваа и новиот митрополит Дебарско-кичевски Георгиј и епископот хераклејски Климент – информира Скопската епархија.
Чин архимандрит е последен во монашката хиерархија, а неговите носители стануваат потенцијални кандидати за избор на нови епископи и митрополити во некоја од епархиите на МПЦ-ОА.
Целиот текст на:






