Архиепископот Стефан и Тетовско-гостиварскиот митрополит Јосиф не биле единствените владици на МПЦ-ОА вечерва гости на Руската амбасада за денот на Руската Федерација. Речиси половина Синод бил во делегацијата, а приемот на Руската амбасада како прва дестинација по денешниот избор за Митрополит била и на Георгиј.
Од фотографиите што ги објави амбасадата се гледа дека во делегацијата на МПЦ-ОА се Архиепископот Стефан, митрополитите Петар, Јосиф, Григориј, Георгиј и епископот Климент.
Гостин бил и потпретседателот на Владата, за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, пратениците на Собранието Сашко Јанчев, Јована Мојсоска и Драган Недељковиќ. Од останатите дипломатски претставници во земјава присуствувале Амбасадорката на Србија, Амбасадорот на Босна и Херцеговина, Амбасадорот на Турција, Амбасадорот на Казахстан, Амбасадорот на Кина и Амбасадорот на Катар
Рускиот амбасадор Сергеј Баздникин ги пречека гостите со јадења од традиционалната руска кујна, подготвени под раководство на готвачката на Амбасадата.

