МПЦ-ОА обележа 1700 години од Првиот вселенски собор, одржан во Никеја, во 325 година, а на кого присуствувале и тројца македонски епископи: Александар, Епископ на Солун, Будиј, Епископ на Стоби и Дакиј, Епископ на Скупи.
Со литургија чиноначалствуваше Архиепископот Стефан, во сослужение со МитрополититеПетар, Агатангел, Јосиф и Григориј. На литургијата учествуваше и новиот монах Георгиј.
На Литургијата присуствуваа и поранешниот претседател Ѓорге Иванов, министерот за Култура и туризам Зоран Љутков, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Оливера Трајковска и претставници на локалните власти.