ГАЛЕРИЈА: Велелепна прослава на именденот на Архимендритот Партениј

Date:

Share post:

Монашкото братство и сестринство на Бигорскиот и манастирот во Рајчица, заедно со надлежниот архиереј, Владиката Тимотеј го одбележаа именденот на Архимандритот и игумен на Бигорскиот манастир.

На денот кога Црквата го слави споменот на преподобниот Партениј Лампсакиски, чиешто име го носи Архимандрит Партениј, Бигорскиот манастир бил претесен да ги прими сите верници кои дојдоа на споменденот на Паратениј.

Со празничната архиерејска Литургија чиноначалствуваше надлежениот Митрополит г. Тимотеј.

Во име на целото братство и сестринство, зборувал најстариот јеромонах Доситеј, кој ја потенцирал големата пожартвуваност  во ѕидањето на духовната градба.

-Едноставно, Вие секојдневно со Вашите зборови, со Вашите дела и пожртвуваност, додавате по уште тула на духовната градба, на духовните конаци, на кои Вие секогаш им давате неспоредливо поголемо значење отколку на материјалните. А, пак, за материјалните конаци, нема потреба ни да зборуваме: Вашето најсуптилно чувство за естетика и префинет вкус значително отскокнуваат.

И што би можел да речам повеќе, освен само за крај да напомнам дека ние, браќата и сестрите, знаејќи ја Вашата голема љубов кон литургискиот живот, како и желбата да се служи во повеќе параклиси во Манастирот, во оваа прилика Ви подаруваме дискос и путир, како и малце земја од гробот на Старец Георгиј Капсанис, Вашиот Старец и нашиот духовен дедо.

Служете Му на Бога уште долги години, молете се за нас и не престанувајте во борбата за духовното и народно дело! Застапувајте се и понатаму за сите нас, а нека свети Партениј Лампсакиски се застапува за Вас, за да можете цврсто и непоколебливо да го исповедате нашиот Отец Небесен!, рекол јеромонахот Доситеј.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...