Македонските верници во Канада собраа 50.000 долари за настраданите во Кочани

Date:

Share post:

Со благослов на митрополит на Американско-канадски Методиј, на 29 март 2025 година, во Македонскиот православен епархиски храм „Св. Климент Охридски“ – Торонто, во организација на сите Македонски православни цркви во Канада, се одржа голем хуманитарен настан за собирање финансиски средства за настраданите во трагичниот пожар во Кочани.

На настанот присуствуваше архиерејскиот заменик и намесник на Американско-канадска епархија протоереј ставрофор Синиша Ристовски и протоереј Драган Јорданов од црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ – Детроит, кои дојдоа од Америка да го поддржат овој настан.

Настанот започна со молитва при што во црквата беше отслужен Парастос за упокоените и Молебен канон за закрепнување на повредените. По отслужената молитва, протоереј Синиша Ристовски во своето обраќање ја истакна важноста од единството на македонскиот народ во дијаспората, кој секогаш сочувствувал со тешките несреќи што се случувале во Македонија.

По завршувањето на молитвите, во преполнетата сала на црквата следуваше добротворна вечера, на која хуманите Македонци даруваа финансиски средства со желба истите да донесат утеха и надеж на оние што страдаат.

За овој хуманитарен настан, зографот г. Георги Даневски направи прекрасен гест, кој со своето уметничко творештво наслика икона со ликот на Господ Исус Христос која беше наменета со лицитација, да се соберат финансиски средства за жртвите на трагичниот настан кој ја потресе заедницата. Со тајно наддавање, иконата беше откупена од македонскиот активист г. Мајкл Георгиев, кој по потекло е од Кочани, и кој е познат по својата посветеност на хуманитарни проекти. Иконата беше откупена по впечатлива цена од 20.000 канадски долари, што е израз на неговата солидарност и ангажман за помагање на оние кои се погодени од трагедијата.

Во текот на настанот вкупно беа донирани околу 50.000 долари од македонскиот православен народ во Канада, а дополнителни донации се очекуваат и од сите цркви поединечно, кои ќе направат и своја лична донација. Донациите ќе продолжат да се собираат и во текот на наредните недели, а целта е до крајот на хуманитарната кампања да се соберат околу 100.000 канадски долари.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Џеј Ди Ванс предизвика дебата со изјава за конверзија на сопругата во христијанство

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс неодамна изјави дека се надева дека неговата Хинду сопруга некогаш ќе ја...

Ватиканот врати 62 артефакти на автохтоните народи од Канада

Ватиканот во саботата им ги врати на автохтоните народи од Канада 62 артефакти од својата етнографска колекција, меѓу...

Вартоломеј: Заедничкото чествување со папата Лав на Никеја е плод на екуменското отворање

Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја истакна важноста на заедничкото празнување на Првиот вселенски собор во Никеја со папата Лав...

Првиот повик на амбасадорката на САД во Грција бил до Архиепископот Јероним

Новата амбасадорка на САД во Грција ја продолжува американската политика на блиски односи со Грчката црква. Кимберли Гилфојл...