Митрополитот Тетовско-гостиварски Јосиф и епископот Стобиски Јаков ја претставуваа делегација на МПЦ-ОА на устоличувањето на новиот архиепископ на Тирана, Драч и на цела Албанија, Јован.
Устоличувањето на новиот Албански архиепископ беше на 29 март 2025 година во црквата во Тирана.
-Епископот Јаков со поздравно слово му честиташе на Неговото Блаженство Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија г. Јован пренесувајќи му ги поздравите од Архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан и на Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, велат од МПЦ-ОА.

