Руската црква заглавува се подлабоко во ерес – Патријархот Кирил почна да осветува крствови со иницијалите на Путин

Date:

Share post:

Московскиот патријарх Кирил почнал да ги осветува крстови и икони со изгравирани иницијали на рускиот претседател Владимир Путин. Тоа го напшравил на литургијата за Рождеството Христово на 7 јануари. Сите тие осветени крстови и икони со иницијалите на Путин, ќе им бидат дадени на командантите на руските трупи во Украина.

Ова го соопшти прес секретарот на Путин, Дмитриј Песков.

„За време на разговорот кај олтарот, претседателот му рече на патријархот дека ќе ги предаде овие симболи на верата на командантите на воените групи кои извршуваат особено важни задачи во областа на „Специјалната воена операција“. Мислам дека ќе биде чест за нашите соборци да ги примат овие симболи на верата, осветени од Патријархот на Москва и на цела Русија за време на празничната богослужба на Божиќ ја цитирал Песков изјавата на Путин.

Во својата божиќна порака, Путин ја пофали Руската православна црква за нејзината улога во „јакнењето на институцијата семејство, образованието на младите и афирмирањето на моралните идеали“, како и поддршката за „патриотскиот дух на младите“. За возврат, патр. Кирил го пофали претседателот дека под негово раководство Русија нуди „… друг, алтернативен пат на развој на цивилизацијата, поради кој Западот не мрази. Но, нема да успеат, бидејќи Господ е со нас“.

Иницијативата илустрира како диктаторските режими го спроведуваат култот на личноста на водачот, давајќи му на овој култ религиозен карактер, особено во време на војна. Вакви примери во крвавиот 20 век. обезбедуваат и култот на Сталин, кој е атеистички по природа и го роди познатото мото „За татковината, за Сталин“, и она на Хитлер, чие име беше напишано на воените униформи на командантите на германските специјални сили (СС).

/двери.бг

1 COMMENT

  1. И христијанството од нехристијаните е наречено ‘култ на личноста’, а факт е дека нема ништо посилно од личноста во сета вселена. Поимот на личноста воопшто произлегува од Бог како Личност и како Создател, Промислувач, Седржител и воопшто Господар на се’ создадено (за едни Невидлив, за други Сеприсутен). А секој друг општествен модел кој се обидува да ја апстрахира улогата на личноста во механизмите на управување со општеството (од позиција на управител/управители до најниските позиции на управувани поединци, во сиот можен спектар на општествената хиерархија) е спротивен на идеалот на ‘слобода на личноста’ во најпозитивната смисла на зборот, и спротивен на секој вид утопија на максимална општа хармонија во заедница на оптимално самоактуелизирани поединци. Ова денес сепак се случува на Запад, во име на некаков безмилосен демократски модел кој е цел самиот на себе (поточно на елитите кои профитираат од него).

    Во таа смисла општествениот систем на Руската Федерација никако не може да се нарече диктаторски режим’. Тоа е општествен модел кој успешно ја оспорува автентичноста на западниот модел на т. н. демократија, кој денес ги покажа своите некогаш скриени сеопфатни тоталитаристички механизми, за кои “демократијата” е всушност make-up и параван зад којшто демнат сили кои ја ограничуваат не само кутурната и духовна слобода на вистинољубивиот и човекољубив свет туку и елементарните права на човекот како биолошка ипостас (лесното разнебитување на демографската слика во Газа денес под капата на евроатлантската апологетика како најсвеж пример надвор од нивната домашна орбита, но и условите за достоинствена старост внатре во западните општества: кои на пр. подлегнаа под алчните пресметки на некои нивни влади во правец на премолчно, вештачко и насилно намалување на бројот на пензионерите коишто оставени сами на себе и на намерната негрижа на здравствените работници и негуватели во старечките домови умираат скапо плаќајќи го секој залак и секоја ситна услуга, под уцени на загуба на своите животни заштеди заради неспособноста сами да располагаат со своите средства и со свои нозе да отидат во банките и во другите институции за да постигнат некаква промена во квалитетот на живот, или да управуваат со своите пари за да си ги остварат најосновните права на живот и лекување или да ги пренасочат кон други корисници). Човечноста, којашто е поврзана само со поимот на личноста и со ништо друго, нема цена, ниеден општествен модел сам по себе не може да ја овозможи. Затоа, многу е важно кој стои на чело на државата, тоа Русите со векови го знаат, како народ на кој секогаш му бил драгоцен поимот ‘личност’ во сите домени на општеството, во сите аспекти на животот. Само личноста може да љуби и во своето срце да ги собере сите. Само личноста може да засветли во дадениот историски миг и тоа така што сите да ја видат во неа иконата што ја бараат. Затоа Русите (и не само тие) и му се восхитуваат на Владимир Путин. Но, во Русија не се гради култ на личноста на Путин. Во Русија Путин одамна е икона, и не само Путин. Долга е низата на скапоцени, инспиративни личности што ја заслужиле љубовта на народите на Руската Федерација и ги воплотуваат нивните идеали.
    А авторот на овој шарлатански напис прво поставил теза дека на култот на личноста редовно му се придава религиозен карактер, па потоа напишал дека Сталин бил атеист (значи Сталин не можел да донесе некаков религиозен карактер во неговиот култ), а за Хитлер тврди нешто сосема трето. Од религија, преку социологија до хералдика, во само два-три празни збора. Многу оскудно, дури и за еден бугарски аналитички аршин.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Романскиот Патријарх: Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I претставува силно сведоштво за единството на Православието

Во говор по повод осветувањето на надворешната фасада и мозаиците на Катедралата Народно Спасение во Букурешт, Даниел, Патријархот...

Орбан на средба со Папата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи...

Скандинавските цркви во поддршка на Украина и правата на децата

Северноевропските црковни водачи упатија силен апел за враќање на украинските деца насилно однесени во Русија и одобрија финансиска...

Д-р Трајановски со план за Аеродром: чиста, безбедна и достоинствена општина

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ, ја претстави својата програма како план за „современа...